Kia America во декември продала 48.506 возила, што придонесе марката првпат во историјата да надмине 700.000 возила на големиот американски пазар за време од една година.
Раст од 20 проценти во споредба со преклани доведе до рекордна година на Kia во САД. Пет најпопуларни модели на лимузини, СУВ и кросовери – Forte, Niro EV, Seltos, Sportage и Telluride – во 2021 година имаа рекордна продажба. Тоа што ја одбележа минатата година за Kia на американскиот пазар е значително зголемување на побарувачката за хибридни и електрични возила. Нивната продажба се зголемила за 97 проценти во споредба со преклани.
„Објавувањето на најдобрата годишна продажба во историјата секогаш е чин на гордост, но нејзиното достигнување во време на пандемија и потешкотии во синџирот од добавувачи, за Kia јасно укажува колку е моќна нашата понуда од модели и колкава е побарувачката што ја создадовме за марката Kia во 2021 година“, изјави Ерик Вотсон, потпретседател за продажба во Kia America.
Со пристигнувањето на комплетно новиот, целосно електричен EV6 и со комплетно новиот Sportage во првата половина од 2022 година, јасно е дека ‘пукаме’ од сите цилиндри … и од сите батериски ќелии.
Ерик Вотсон, потпретседател за продажба на Kia во САД
Во декември се случија неколку моменти што соодветствуваат на рекордната година за Kia на американскиот пазар.
- Големиот СУВ-модел Telluride трета година во низа е именуван за „Edmunds Top Rated SUV“
- СУВ-моделите Kia Telluride и Seltos повторно победија во своите категории во изборот за најдобри модели според Kelley Blue Book’s Best Buy Awards; Telluride три години во низа победува во категоријата на СУВ-модели од средна класа со 3 реда седишта, Seltos втора година во низа е најдобар компактен СУВ.
- Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) потврди максимален досег на струја на Kia EV6 од 310 милји (499 km), за моделот со батерија од 77,4 kWh и заден погон
- Telluride SUV и Carnival MPV победија во изборот за Best Car To Buy за 2021 година на The Car Connection; Telluride понесе наслов на „Best Family Car To Buy 2022“ додека Carnival е „Best Minivan To Buy 2022”.
Продажба на Kia Amerika во 2021 година
|
Декември 2021 |
2021 |
|
| Модел | ||
| Rio | 2,800 | 31,362 |
| Forte | 8,639 | 115,929 |
| K5/Optima | 5,505 | 92,342 |
| Cadenza | N/A | 249 |
| Stinger | 918 | 13,517 |
| K900 | N/A | 85 |
| Soul | 3,987 | 75,126 |
| Niro | 2,448 | 26,192 |
| Seltos | 3,053 | 51,368 |
| Sportage | 6,034 | 94,601 |
| Sorento | 6,490 | 81,785 |
| Telluride | 7,519 | 93,705 |
| Carnival/Sedona | 1,113 | 25,155 |
| Вкупно | 48,506 | 701,416 |
>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

















