Mercedes EQXX за 100 km троши колку домашна клима за 3 часа

https://youtu.be/Dye9EeeKaE0

Ефикасноста е клучниот збор кај концептниот автомобил Mercedes-Benz Vision EQXX, со кого што Штутгарт соодветно го одбележа почетокот на автомобилската 2022 година за целата бранша.

Mercedes-Benz преку концептот Vision EQXX нé учи за ефикасноста. Според Штутгарт, ефикасноста значи расфрлувањето да се сведе на апсолутно најмала можна мера, за да се постигне најдоброто од тоа што се има или е потребно – од енергијата, од времето или од ресурсите.

Vision EQXX е ефикасност на дело. Овој електричен автомобил постигнува подолг досег со помалку енергија, нуди повеќе луксуз за доживување и повеќе комфор, со помалку последици по природата и повеќе електромобилност со помалку отпад. Тоа што исто го нагласуваат силно во дежурниот пионер на автомобилската сцена е драстично скусување на времето за развој на еден автомобил. EXQQ со дигитални алатки и врвна технологија, развиен е за помалку од една и пол година. Тоа е сензација.

Од одделението за комуникација на Mercedes-Benz вообичаено имаат подготвено обемни материјали за Vision EQXX. Бидејќи кај овој историски важен автомбоил зборуваме пред сé за ефикасност, тоа може да се скуси во нормален обем за читање. 

Значи, дали знаете дека Mercedes-Benz Vision EQXX …

… може со само едно полнење на батеријата да извози од Берлин до Париз?

Со едно и единствено полнење, Vision EQXX може да го мине патот од Берлин до Париз, од Њујорк до Синсинати или од Пекинг до Нанџинг. Тоа не се постигнува со голема батерија, туку со висока ефикасност. Ако се има предвид просечната годишна километража, возачите во САД или во Кина би можеле батеријата на Vision EQXX да ја полнат само двапати месечно, а во Европа само еднаш во месецот.

… претставува електричен еквивалент на „1-литарски автомобил“?

Vision EQXX троши помалку од 10 kWh електрична енергија на 100 km. Тоа се шест милји со еден kWh електрична енергија. Но, што значи тоа? Ако тоа се претвори во потрошувачка на фосилни горива, тогаш вредноста одговара на еден литар бензин на 100 километри.

Неколку примери за тоа колку се 10 kWh енергија во најразлични подрачја во секојдневието:

      • Сушална за облека со толку енергија работи повеќе од три часови.
      • Просечна куќна клима работи околу три часови.
      • Пеглата може да се користи околу пет часови.
      • Може 100 часови да се гледа телевизија на ЛЕД-уред од 50 инчи.
      • Три минути работа на обични рефлектори на голем спортски стадион.

… е поаеродинамичен од американски фудбал?

Типичен електричен автомобил на долго патување троши две третини од енергијата само за да се пробива низ воздухот. Vision EQXX прави голема разлика со револуционерната вредност cw 0,17. Намалување на вредноста за само 0,01, води кон продолжување на досегот за 2,5 проценти.

Споредба на коефициентите на отпор на воздух:

  • Пингвин: 0,05
  • Vision EQXX: 0,1716
  • EQS: 0,20
  • Американски фудбал: 0,18 до 0,2
  • Велосипедист: 0,6 до >0,8
  • Човек: 0,8 до 1,2
  • Падобран: 1,1 до 1,3

>>> Mercedes EQS вози на батерија исто колку дизел S-Class

 

Претходна објаваДона Самер пее за новиот Lexus NX: „I Feel Love“
Следна објаваOpel Blitz гама – Резервирај го своето возило сега!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here