за

Opel Blitz гама – Резервирај го своето возило сега!

Увозникот Еуроимпекс потсетува на долгите рокови на испорака со коишто се соочува целата автомобилска бранша и во интерес на клиентите советува роковите да се имаат предвид и нарачката на нов автомобил да се направи со време.

Компанијата Еуроимпекс, генерален увозник за брендот Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, им нуди можност на своите потенцијални клиенти да го резервираат своето Opel возило навреме и да бидат спокојни при остварување на својата желба и потреба за нов Opel автомобил.

Посебно за оние клиенти кои сакаат први да бидат дел од Opel фамилијата и да ја почувствуваат моќта на Брендот “Blitz”. 

„Opel BLITZ ГАМА. РЕЗЕРВИРАЈ ГО СВОЕТО ВОЗИЛО СЕГА!“ е слоганот кој ја предводи кампањата на Брендот, со цел да ги мотивираат своите клиенти за навремена резервација на своето Opel возило. 

Понудата се однесува на патнички и комерцијални возила. Возила со внатрешно согорување, електрични возила и plug-in хибридни модели. 

Комерцијалната гама е исто така достапна за нарачка и во 100% електрична верзија. 

За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување обратете се во салонот на Opel и дилерската мрежа или посетете ја веб страницата www.Opel.com.mk 

(Соопштение за медиуми од Еуроимпекс)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQXX за 100 km троши колку домашна клима за 3 часа

Македонски Bransys меѓу изложувачите на саемот CES во Лас Вегас