Acer го тужи Volkswagen околу лиценците за чипови

Acer го обвинува Volkswagen дека во своите автомобили вградува чипови за мобилна мрежа што подржуваат 4G, но плаќа само лиценца за постарите стандарди 2G и 3G. Производителот на компјутери бара отштета во висина од преку 100 милиони долари и во САД поднесе тужба против автомобилскиот гигант.

Volkswagen ќе ја провери фактичката состојба во врска со тужбата. Првата проверка сепак довела до заклучок дека обвинувањата се неосновани. Слични спорови зачестија во автомобилската бранша во минатите неколку години. Покрај Volkswagen, исто и Daimler повеќепати е обвинуван од компјутерските фирми.

Доколку не се постигне спогодба на ниво на цела бранша, во иднина зачестено ќе доаѓа до правни спорови. Мобилната врска станува сé поважна кај автомобилите, меѓу другото и поради напливот од системи за асистенција и технологијата за автономно возење. За овие системи е меродавен актуелниот стандард 5G.

>>> Ниските цени биле причина за тесното грло со полупроводниците

 

Претходна објаваНа германската автоиндустрија ѝ недостигаат материјали
Следна објаваPeugeot има 15 модели со електромотор во погонот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here