за

Ниските цени биле причина за тесното грло со полупроводниците

Infineon, еден од главните добавувачи на автоиндустријата со полупроводници, најави поскапување на своите производи. Како причина за кризата се посочуваат токму ниските цени.

Во екот на кризата со недостигот од полупроводници за автомобилските фабрики, Infineon, еден од десетте најголеми производители на полупроводници во светски рамки, најавува поскапување.

Шефот на најголемиот германски производител на полупроводници, Рајхнард Плос, ќе ги нуди производите на компанијата по повисока цена од досега. Во интервју за економскиот неделник „Виртшафтсвохе“, првиот човек на Infineon го образложува зголемувањето на цените со повисоките трошоци за производство. „Нашите трошоци исто така се зголемени енормно, затоа што не ги произведуваме сами сите чипови. Секако дека овие трошоци мораме да ги вклучиме во крајната цена“, образложува Плос. Уште не се наведува колкаво ќе биде зголемувањето на цените.

Ниските цени на полупроводниците биле една од повеќето причини што доведоа до кризата со чипови. „Индустријата навикна некои составни делови да ги набавува по мошне ниска цена. Кога со чиповите се тргува со мошне ниски цени, тогаш е мошне мал поттикот да се градат нови капацитети“, објаснува извршниот директор на Infineon.

Тесното грло во снабдувањето со полупроводници моментно погодува силно повеќе производители на автомобили. Infineon е издвоен огранок на Siemens AG.

>>> Поради кризата: Автомобили излегуваат од фабрика со лажни чипови

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors мора да ја замени батеријата на сите произведени Bolt EV

Toyota четврти пат во низа победи на Леман