На германската автоиндустрија ѝ недостигаат материјали

Според истражувањето, недостигот од материјали во автомобилската индустрија продолжува да се влошува. Во декември, за тесно грло во испораката на материјали се пожалиле дури 93 проценти од германските компании.

Недостигот од материјали во германската индустрија продолжил да се влошува во декември. Во истражувањето спроведено од институтот Мел, дури 82 проценти од анкетираните фирми се пожалиле дека се соочуваат со тесно грло и проблеми во набавката на полупроизводи и суровини. Тоа е досега највисок процент. Во ноември, 74 проценти од фирмите се соочувале со проблеми. Според институтот, парадокс е тоа што книгите со нарачки за ново производство се полни. Меѓутоа недостигот од материјали не им дозволува на компаниите соодветно да ја зголемат продукцијата.

Посебно се погодени производителите на електрoтехничка опрема, каде што 94% од фирмите се соочуваат со проблеми, следна е автомобилската индустрија со 93%, по неа следи машиноградбата со 91 процент. Значително е влошена ситуацијата во производството на хартија, каде што уделот на фирми погодени од проблеми со испораката се искачил од 66 на 89 проценти. Мало подобрување има во кожарската индустрија, каде што секое второ претпријатие има проблеми со набавката.

Тесното грло во производството повлекува зголемување на цените. Анкетата покажа и дека секоја втора компнаија планира да ги зголеми своите цени во претстојните три месеци.

>>> Volvo изгради пат од рециклирани материјали во Англија

 

Претходна објаваТест · Toyota Yaris Cross Hybrid AWD · Сé што знае Toyota, на едно место
Следна објаваAcer го тужи Volkswagen околу лиценците за чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here