Porsche сака да биде присутен директно во центарот на градскиот живот. Салоните и продажните места на марката се селат во градското јадро.
Место заинтересираните купувачи да се упатуваат во големи и претставителни салони со широки паркиралишта на периферијата на градовите, Porsche во иднина сам ќе се упатува таму каде што има најмногу купувачи – во центарот на градовите. Новиот концепт се води како „Future Retail Format“ и во основа го наследува системот „Destination Porsche”. Идејата е на купувачите да им се понуди гостопримлива средина, слична на бутик, заедно со дигитални апликации што ќе им обезбедат посебно доживување на клиентите.
Седумаесет Porsche-студија и повеќе од 20 попап-продавници Porsche Now досега допреа до заинтересираните купувачи, во 23 држави. До 2023 година се планира да бидат отворени повеќе од 25 Porsche-студија во најфреквентните делови во топ-метрополите. Во следната пролет ќе се отвори Porsche Studio во Портланд, во сојузната американска држава Орегон, како прв салон од таков вид во Северна Америка.
Porsche очекува со новиот начин на продажба да допре до помладата целна група. Новини се воведуваат и во сервисирањето, на пример со Porsche Center Satellit, Porsche Approved & Service Center и со Porsche Service Factory.
>>> Porsche седумдесет години продава автомобили во Австралија
















