Водородна Toyota вози такси во Баден Баден

Ако се нарача такси-возило во германскиот град Баден Баден, со малку повеќе среќа може да се погоди, возилото што ќе пристигне да биде Toyota Mirai. Долгата лимузина што користи водород како погонско гориво ги превезува патниците во бањскиот град на југот на Германија и во околината, без грам СО2, без каква било штетна емисија.

Toyota Mirai почна да вози и такси. Компанијата Holl AG е прва во Германија што го користи водородниот автомобил на Toyota во такси-служба. Компанијата штотуку одбележа 45-годишнина од основањето, но и покрај долгата традиција, повеќе е ориентирана кон иднината, отколку кон минатото. Посебно тежиште во возниот парк се поставува на дигитализација, вмрежување, и секако, на чист погон. Holl AG подолго време користи хибридни и електрични возила на Toyota.

„Стекнавме бројни позитивни искуства со Toyota Prius+. Комфорното и просторно хибридно такси е ценето од страна на патниците и возачите. Преоѓањето од хибридна на технологија со горивни ќелии и водород, беше сосем логичен чекор“, објаснува директорот Дирк Хол.

Водородната Mirai го комбинира комфорот на погон од електромотор, со секојдневна употребливост што далеку ги надминува можностите на возилата со батериски електричен погон. Моделот од веќе втора генерација, со едно полнење на боците со водород минува до 650 километри. Полнењето трае исто колку полнење до врв на автомобили со обичен погон.

https://photos.app.goo.gl/YyvB7SkBGT3j9E6b8

Секако дека предноста е во отсуството на каква било штетна емисија и во речиси нечујната работа. Горивната ќелија ја претвора енергијата на водородот во електрична енергија, со којашто се напојува електромоторот со максимални 130 kW, односно 182 КС. Од издувната цевка излегува само чиста пареа.

Сто километри пат со водородната Toyota Mirai чинат помалку од 500 денари во Германија

Такси-компанијата нуди можност нејзиниот Mirai да се изнајми. Сервисирањето е во овластениот сервис на Toyota во блискиот Карлсруе. Тоа што секого ќе изненади: Во Германија моментно работат 91 станица на коишто може да се наточи водород. Нормално дека Германците сето тоа уредно го документираат: На станицата во Минхен, на Вилхелм Хале Штрасе, полнето е последен пат денес околу 10 часот, при што се наточени 3,83 килограми водород, по цена од 9,50 евра по килограм. Потрошувачката на водород на Toyota Mirai изнесува 0,89 – 0,79 kg/100 km, што значи дека 100 километри ќе се извозат за 7,50 до 8,45 евра, односно за помалку од 500 денари во првиот случај.

— —

Го имате посетено нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/ со податоци и цени за сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар? На следниот линк можете директно да пристапите до прегледот на сите модели на Toyota.

На Toyota Mirai ѝ се доволни 5,65 kg водород за 1.360 километри пат

 

Претходна објаваOpel ја заокружува годината со 27 награди за своите модели
Следна објаваМоже ли руска GAZelle да му парира на турски Ford Transit?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here