Kia America објави дека во ноември продала 45.318 автомобили, поставувајќи историски рекорд за годишна продажба, уште пред да заврши годината.
Најпродаваните модели на Kia во САД се воедно најголемите модели во понудата и тоа не изненадува, со оглед на „навиките“ на американскиот пазар. Прв е големиот СУВ-модел Telluride со 7.767 примероци, по него следи Sorento со 6.845 примероци.
Американскиот пазар покажува зголемен интерес за хибридните и електричните автомобили на Kia. Продажбата на моделите што располагаат со приклучок за полнење на батеријата е зголемен речиси двојно во споредба со истиот период лани. Тоа е одлична потврда дека електрификацијата во Kia се одвива точно во духот на времето и верно на барањата на пазарот.
„Поставувањето историски продажен рекорд на еден месец до завршетокот на годината е конкретен доказ дека расте побарувачката за возилата на Kia, во континуитет низ целата година“, изјави Ерик Вотсон, заменик директор за продажба во Kia America. „Со комплетно новата Kia EV6, што пристига наскоро, како и со Sportage, кој ќе биде достапен во хибридна и приклучна хибридна изведба во првата половина од 2022 година, уверени сме дека побарувачката за Kia нема да се намали во видно време.“
Со веста за рекордната продажба, американскиот огранок на Kia јавува за уште неколку важни моменти за марката на големиот пазар годинава:
- Kia Telluride се најде меѓу 10-те најдобри возила за 2022 година според Car and Driver.
- Електричниот кросовер Kia EV6 постави Гинисов рекорд, совладувајќи 2.880,5 милји од источниот до западниот брег на САД, со најкусо време потрошено за полнење на батеријата. Во седумдневното патешествие од Њујорк до Лос Анџелес, EV6 го победи дотогашниот рекордер Tesla, за повеќе од пет и пол часови.
- Kia на салонот во Лос Анџелес ја претстави хибридната изведба од својата најдолга моделска серија, од Sportage. Хибридниот Sportage во новата генерација се позиционира меѓу EV6 и Sorento со приклучен хибриден погон, укажувајќи дека Kia паралелно нуди повеќе видови на електрификација на погонот.
| Ноември | Јан – Ное. | |||
| Модел | 2021 | 2020 | 2021 | 2020 |
| Rio | 2,357 | 1,728 | 28,562 | 21,875 |
| Forte | 6,741 | 6,860 | 107,290 | 77,878 |
| K5/Optima | 5,938 | 7,541 | 86,837 | 74,087 |
| Cadenza | N/A | 99 | 249 | 1,136 |
| Stinger | 948 | 847 | 12,599 | 11,652 |
| K900 | N/A | 22 | 85 | 272 |
| Soul | 4,505 | 4,767 | 71,139 | 66,416 |
| Niro | 1,946 | 1,144 | 23,744 | 15,900 |
| Seltos | 2,689 | 5,122 | 48,315 | 40,173 |
| Sportage | 4,330 | 7,039 | 88,567 | 76,428 |
| Sorento | 6,845 | 2,938 | 75,295 | 69,262 |
| Telluride | 7,767 | 8,993 | 86,186 | 65,305 |
| Carnival/Sedona | 1,252 | 797 | 24,042 | 11,957 |
| Вкупно | 45,318 | 47,897 | 652,910 | 532,341 |
















