На посетителите во „Мотоцентар Галерија“ им се овозможува да закажат термин, да го остават своето возило во новиот сервисен центар и да уживаат во шопингот, додека нивното возило добива нови пневматици, фелни или пак се сервисира.
“Мотоцентар Галерија” е распространета на вкупно 400 м2, на две нивоа. Составена е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон, “Мотоцентар Галерија“ овозможува понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, фелни од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила.
Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите “Мотоцентар“ центри, премиум сервисниот центар во рамки на “Мотоцентар Галерија“ се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен.
Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на фелни. Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, “Мотоцентар Галерија“ ги доближува светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната безбедност и истовремено поставувајќи нови стандарди на домашниот пазар и пошироко, во Регионот.
Мотоцентар Галерија е премиум понуда за корисниците на услугите на најпознатата македонска компанија во делот на автомобилски гуми
“Водејќи се од современите животни текови и навики, како и од потребите на нашите Клиенти како што се зголемена мобилност и се помалку слободно време, во изминативе неколку години “Мотоцентар“ започна да еволуира од сервис за пневматици во “One Stop” сервис за возила, лесни и товарни. Во оваа насока, и покрај препреките со кои целиот свет се соочува во изминативе две години, се одлучивме на храбар потег – направивме детални процени и анализи и земајќи ги предвид побарувањата на Клиентите, го збогативме нашето “Мотоцентар“ семејство со нов, премиум формат – “Мотоцентар Галерија“.
Тоа што “Мотоцентар Галерија“ ја двои од досегашната наша понуда е пристапот кон времето на потрошувачот, како можеби највреден ресурс во ова динамично доба. Накусо, на нашите корисници им нудиме премиум понуда и светско сервисно портфолио, единствено во нашата Држава, сето тоа додека може да уживаат во шопинг низ трговскиот центар. Тоа е концептот на “Мотоцентар Галерија“, г-дин Горан Гроздоски, Сопственик на “Мотоцентар“.
Сите ентузијасти, љубители на автомобили и оние кои грижливо и посветено ги одржуваат своите возила, може да ја посетат “Мотоцентар Галерија“ во “Скопје Ист Гејт“, секој ден, во период од 10.00 часот до 18.00 часот.