Шпедитерскиот гигант DB Schenker нарача 1.500 електрични камиони

Кусо по завршувањето на конференцијата за светската клима во Глазгов, DB Schenker, една од водечките компании за логистика во светски рамки и лидер во копнениот транспорт во Европа, објави соработка со Volta Trucks, производител на целосно електрични камиони.

Тоа е најголемата и најзначајна нарачка за електрични камиони што досега е направена во Европа. Налогот од познатата компанија за логистика DB Schenker до револуционерниот производител Volta Trucks, кој е воедно и понудувач на пратечки услуги во транспортот, се однесува на 1.500 електрични камиони Volva Zero.

Партнерството предвидува испорака на првите прототипи од камионите Volta Zero во текот на следната пролет и лето, што во возниот парк на DB Schenker ќе се користат во реални услови на работа. Искуствата што ќе се стекнат од тие тестирања, понатаму ќе се користат во сериското производство на 1.470 камиони. Производството на камионите Volta ќе се одвива во Steyr Automotive, во поранешната фабрика на MAN во Австрија.

Електричните камиони во категоријата до 16 тони главно ќе се тестираат во индустрискиот регион Рур во Германија, како и на останатите европски терминали на DB Schenker. Возилата со нулта емисија ќе се користат за транспорт на стока од дистрибутивните центри до градското јадро и до периферијата.

Освен со електричниот погон, Volta Zero се издвојува и со возачката кабина што е посветена на максимална безбедност на незаштитените учесници во сообраќајот. Камионите ќе се испорачаат во 10 градови во 5 држави.

Соработката предвидува и развој на варијанта од 12 тони.

Основни технички податоци за Volta Zero

  • Батерија, капацитет во стандардна изведба 150 kWh
  • Батерија, капацитет во изведба за подолг досег 225 kWh
  • Максимална брзина 90 km/h
  • Досег 150 – 200 km
  • Товарен простор (Д х Ш х В) 6900 х 2485 х 2200 mm
  • Зафатина на товарен простор 37,7 m3
  • Носивост 8.600 kg
  • Висина на товарен под 1.175 mm
  • Димензии на возило (Д х Ш х В) 9460 x 2550 x 3470 (3800 со ладилник)
  • Дозволена вкупна тежина на возило 16.000 kg
  • Оптоварување на задна оска max. 11.000 kg
  • Оптоварување на предна оска max. 5.000 kg

Претходна објаваИлон Маск продолжува да ги продава своите акции во Tesla
Следна објаваСтавивте зимски гуми на велосипедот?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here