Во Гуанжу, во крајното одредиште на Патот на Свилата, моментно е во тек еден од најголемите салони на автомобили на светската сцена. Во периодот од 19-ти до 28-ми ноември, Peugeot се претставува пред кинеските клиенти како динамична премиум марка. Меѓу посебностите на пазарот е тоа што клиентите сакаат производителите на автомобили да ги анимираат.
На штандот на Dongfeng Peugeot, партнерската компанија на марката со лавот во Кина, во салата 3.1 на Кантонскиот саемски комплекс, гостите се пречекуваат со џиновска лавовска скултура, со осум автомобили, од кои два се специјални модели, како и со анимации, дел за икебана, продавница и простор за релаксација. Двата специјални модели се изработени директно според желбите и препораките на клиентките и клиентите.
Покрај новиот СУВ што се води под моделската ознака Peugeot 4008 и ексклузивен е за Кина, изложен е Peugeot 4008 Co-Creation. Друг специјален модел е Peugeot 2008 THE ONE SUV што ќе се продава само онлајн. Peugeot 508 L се појавува во новото моделско годиште 2022 и ја освежува понудата од лимузини, заедно со Peugeot 408.
https://photos.app.goo.gl/NinVWCNTrvAofyBw8
Важни во Кина се моделите со приклучен хибриден погон, Peugeot 4008 PHEV (со 4WD) и Peugeot 508 L PHEV Limousine. Dongfeng Peugeot излегува во пресрет на клиентите со организирање најразлични настани и атракции, а воедно посочува и на онлајн-продажбата на автомобили.
https://photos.app.goo.gl/u8yesPpGnwhDuXVG8
Peugeot 4008 Co-Creation, е нов знаменосец на Dongfeng Peugeot, со нова боја Iceberg Blue metallic и со црвени кожени седишта со геометриски изведени штепови. Нормално, сето тоа е во согласност со начелата на фенгшуи.
https://photos.app.goo.gl/bJt9eX13EmK9Ng8CA
СУВ-моделите Peugeot 4008 и Peugeot 5008, со изгледот одговараат на европските GT-верзии, со вертикални диодни светла. Согласно посебните барања во Кина, моделите на Peugeot располагаат со изобилство од онлајн-услуги. Варијантата со приклучен хибриден погон Peugeot 4008 PHEV SUV, соединува висока моќност од 300 КС и штедливост.
https://photos.app.goo.gl/XcPspVoSj9VnscmE9
Dongfeng Peugeot започна бројни активности за анимирање на клиентите. Дел од нив е натпреварот “#Miraculous Move Knowing Me” на тикток, што неодамна го привлече вниманието и на познатите личности од јавниот живот и досега е прегледан 1,55 милијарда пати!
















