Бајден вели дека General Motors е предводник на електромобилноста

При неодамнешната посета на фабриката на General Motors што прва во концернот се специјализираше за електрични возила, претседателот Бајден изјави дека GM „ја електрифицираше целата автомобилска индустрија“ и посебно ги поздрави плановите на General Motors за целата своја гама да ја префрли на погон на струја до 2035 година.

Една објава на омилената друштвена мрежа на Илон Маск најверодостојно го толкува говорот на американскиот претседател Џо Бајден, при неговата посета на Factory Zero, прва фабрика на General Motors што се специјализира за електрични возила. Во објавата на својот профил на твитер, Меј Маск коментира: „Говорот на Бајден беше напишан пред 20 години, уште пред GM да го убие електричниот автомобил. Неговиот пишувач на говори го испратил погрешниот документ“

А, оваа реакција на Меј, мајката на Илон Маск, доаѓа по обраќањето на американскиот претседател кон Мери Бара, извршна директорка на General Motors: „Во автомобилската индустрија, Детроит е водечки во светот на електричните возила. Сигурно знаете колку важно е тоа? Мери, се сеќавам кога во јануари зборувавме дека е важно Америка да предводи во електричните автомобили. Се сеќавам на твојата драматична најава, дека до 2035 година, GM ќе биде 100% електричен. Ја сменивте историјата, Мери, навистина ја сменивте. Вие ја електрифициравте целата автомобилска индустрија. Сериозен сум, вие водевте, и тоа е важното.“

Секако дека станува збор за целосно извртување на вистинските состојби на автомобилската сцена. GM, Ford и американскиот дел во Stellantis, немаше воопшто да помислат на електричните возила, доколку една компанија не ги направеше првите чекори, дури и во светски рамки. Tesla не само што беше пионер, туку и апсолутно доминира на пазарот на електрични возила, во САД и глобално. Tesla, патем, никогаш нема произведувано други возила освен 100% електрични автомобили.

General Motors е само безначаен дел од пазарот на електрични возила. Tesla учествува со 70 до 80 проценти во продажбата на возила со погон на струја во САД. Сцената повеќе го помни General Motors како „убиец“ на електричните автомобили. Вистинската приказна за GM EV1 можете да ја прочитате во објавата во 2018 година на вашата омилена Аутомедиа.

>>> Електричниот автомобил што Америка го имаше, но не го сакаше

Претходна објаваЗошто е штетно моторот да се загрева во место и зошто тоа е казниво во некои земји?
Следна објаваMercedes и тука беше прв: 25 години од првиот BAS

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here