Втор спортски модел на Toyota под знакот на Gazoo Racing освојува награда во изборот на германскиот магазин „Auto Bild“ и тиражниот неделник „Bild am Sonntag“.
Златниот волан за 2021 година го добива Toyota GR Yaris, кој победи во категоријата за најдобар автомобил со цена до 35.000 евра. Секоја година, најголемиот неделник во Европа „Bild am Sonntag“ и магазинот „Auto Bild“, прогласуваат најдобри автомобили во повеќе категории и ги одликуваат со „Златен Волан“.
До победата се доаѓа преку повеќе чекори. Прво читателите ги избираат најомилените модели, потоа презема експертското жири, коешто го сочинуваат автомобилски дизајнери, јавни личности што се големи љубители на автомобилите, техничари, дигитални експерти и тркачи. Покрај осумте класи, редакцијата годинава избираше и „Најдобар автомобил до 35.000 евра“.
Toyota GR Yaris се докажа против конкуренцијата. Инспириран од светското првенство во рели и од тимот Toyota Gazoo Racing што е мошне успешен во истото, спортски скроениот автомобил со каросерија со три врати и со мотор со 261 КС нуди гаранција за уживање во возењето. GR Yaris е засебен модел во целата гама, затоа што има само три каросериски делови што му се заеднички со Yaris, вклучувајќи ја антената – кој патем е тековен носител на титулата „Аавтомобил на годината во Европа“, па дури и задната оска потекнува од Corolla.
Das #GoldeneLenkrad 2021 #DGL #DGL21 im Livestream: https://t.co/RorjjGZ6Lq
— David Hamprecht (@DAHamprecht) November 9, 2021
Ова е вторпат „GR“ модел на Toyota да го освои златниот волан. Во 2019 година тоа ѝ успеа на GR Supra, којашто победи во категоријата за “Најдобри спортски автомобили”. Првиот електричен модел на Lexus, кросоверот UX 300e, лани исто така беше одликуван како „Иновација на годината.“
















