Во третиот квартал, сопствениците ги смениле 14.182 чисто електрични автомобили во Велика Британија, што претставува зголемување од дури 56,4 проценти. Вкупниот пазар на користени автомобили сепак е во пад во третиот квартал, со 2.034,342 возила или за 6,2% помалку во споредба со лани.
Британскиот пазар на користени возила пораснал за 16,4 проценти за периодот на првите девет месеци од годината, но сé уште заостанува 4 проценти зад пазарот во годината пред пандемијата.
Нов тренд се појавува на пазарот во островската држава. Побарувачката за користени чисто електрични автомобили и приклучни хибриди продолжил да расте во третиот квартал. Бројот на промени на сопственоста се зголемил на 14.182 чисто електрични возила (+56,4%) и на 14.182 возила со приклучен хибриден погон (+43,3% повеќе отколку во третиот квартал лани). Тоа е досега највисок број на промени на сопственост на електрични автомобили во земјата.
Пазарот на чистите хибриди (главно Toyota и Lexus) и натаму е солиден, со 40.157 трансфери на сопственоста, но и со раст од 20,3 проценти
Растечката продажба на чисто електрични автомобили во изминатите години доведе соодветно и до раст на пазарот на користени автомобили со погон на струја. Тие во третиот квартал учествувале со 1,4 процент на пазарот, наспороти 0,9 процент лани. Бензинците и дизелите доминираат некрикосновено, со 96,4 проценти од сите трансакции и вкупно 1.959.955 возила (-7,6% проценти).
Најбарани се моделите од градската класа, кои покриваат точно една третина од пазарот на користени возила, односно 33 проценти. По нив следат компактите (26%) и СУВ-моделите (13,0%).
https://photos.app.goo.gl/gmYJU5asc8yGMu169
Најмногу возила имаат црна каросерија (436.511 возила), следат сребрената и сината боја. Зголемен интерес има единствено кај портокаловата и кафената боја, соодветно со 3,6% и 1,1 процент.
https://photos.app.goo.gl/rdzVWrYLYretUh4M6
Од почетокот на годинава, британскиот пазар на користени возила регистрирал 5.889.601 промени на сопственоста. Тоа е за 16,4 проценти повеќе отколку во истиот период лани, односно пазарот се зголемил за 829.780 трансакции. Пазарот сепак заостанува зад првите девет месеци во 2019 година, кога имало 241.160 трансакции повеќе.
















