Специјалното издание на Porsche Panamera во знакот на благородниот метал доаѓа стандардно со опремата што најчесто ја нарачуваат клиентите, со малку пониска цена отколку при единечно нарачување на опремата.
Во дополнителната опрема што стандардно е вградена во Porsche Panamera Platinium Edition, спаѓаат приспособлива пневматска амортизација, заедно со Porsche Active Suspension Management (PASM), надворешни ретровизори со заштита од заслепување, диодни матрични светла со Porsche Dynamic Light System Plus (PDLS Plus), сончев покрив, паркинг сензори со задна камера, а во хибридните модели се вградува и сопствен полнач со моќност од 7,2 kW.
Спортските тркала со ексклузивен дизајн и пречник од 21 инчи се лакирани во платинеста боја, а спортските издувни цевки во црна боја, затемнетите стакла, лајсните околу страничните прозорци во сјајна црна боја и задните светла со ексклузивен изглед ја нагласуваат спортската елеганција на возилото.
Ексклузивно за Porsche Panamera Platinum Edition, во платинеста боја се лакирани отворите зад предните тркала, натписот Porsche и името Panamera назад. Опција се стилски тркала од 20 инчи, секако во платинеста боја.
Аналогниот часовник го заокружува целиот пакет на Porsche Panamera Platinum Edition
Луксузот го одбележува секој момент во секојдневието со оваа Panamera: GT спортски волан и управување со променлив преносен однос, врати со меко затворање и комфорен пристап, седишта со местење во 14 насоки, грејачи во задните седишта, озвучување Bose, четкани алуминиумски украси во кабината и амблем Porsche во потпирачите за глава. Аналоген часовник тронува на арматурната табла.
Platinum Edition е достапен за Panamera, Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid, како и во каросериската изведба Sport Turismo. Ценовникот во Германија стартува од 111.945 евра. Првото појавување во јавност ќе биде на 17-ти ноември, на салонот во Лос Анџелес, испораките стартуваат кон крајот на јануари.
https://www.youtube.com/watch?v=5iI9ROgb-8o
















