Jetson е шведска компанија што си има поставено за цел да го промени начинот на патување и воздушниот простор да го направи достапен за барем малку поширок круг купувачи.
Прототипот на летачки едносед беше прикажан во јавноста уште во пролетта 2018 и оттогаш се работеше под полна пареа на развој на верзија што ќе се понуди во продажба. Сега и тоа се случи, Jetson One е достапен во слободна продажба. Основачи на Jetson се Петер Тернстром и Томаж Патан.
Главното внимание при развојот секако дека беше посветено во постигнувањето безбедност. Конструкцијата на заштитната школка е инспирирана од тркачките автомобили. Швеѓаните гарантираат и дека летањето ќе продолжи непречено во случај да откаже еден од осумте мотори. Компјутерот што го контролира летањето има тројна заштита од грешка.
Техника што е позната од автомобилите, тука исто така се грижи за безбедност. Систем го следи теренот и препознава пречки на патот, користејќи лидар. Тоа е основниот уред што овозможува автопилотирано возење кај автомобилите. Ако веќе нема каде, тогаш се активира балистички падобран.
Технички податоци · Jetson One
| Тежина | 86 kg |
| Тежина на пилот | до 95 kg |
| Димензии | 2845 х 2400 х 1030 mm |
| Ширина, склопено | 900 mm |
| Должина на лет | 20 минути |
| Највисока брзина, ограничена | 102 km/h |
| Контрола на лет | Џојстик во 3 оски, гас |
| Батерија | Литиум јон |
| Вкупна моќност max | 88 kW (120 КС) |
Цената е 80.000 евра, при што леталото се испорачува склопено половично, за доработка во домашната гаража. Во ценатa е вклучено сé, од алу-рамката до контролите на моторите, пропелерите и самите електромотори.
За потврда за нарачка и за резервација на изработката се остава депозит во висина од 19.000 евра. Во следната есен ќе почне изработката на првите 12 примероци. Моментно се резервирани 15 слотови за производство, остануваат уште 3 слободни места за 2023 година. Нарачатели се клиенти од САД, Шведска, Италија, Бразил, Мексико, Шпанија, Германија.
Освен цената, мал проблем е тоа што со Jetson One сепак ќе може да се лета само над приватен посед. Леталото уште нема добиено хомологација.















