Неколку брзи факти за новиот Mercedes SL

Во ексклузивното интервју на Славче Таневски за македонската публика на вашата Аутомедиа, објавено при вчерашната светска премиера на Mercedes SL, најголемиот македонски дизајнер на автомобили во историјата ни откри посебни детали за новиот модел. Во меѓувреме сцената буквално е во еуфорија и на официјалните профили на Mercedes-Benz Cars масовно се искажуваат позитивни критики во коментарите. Тука ќе наброиме само неколку брзи факти околу новиот родстер, што сега вози под знакот на спортската марка од Афалтербах, Mercedes-AMG.

Новиот концепт со седишта во распоред 2+2 овозможува мускулести пропорции и нуди поголема приоменливост во секојдневието. Новиот SL воедно го пополнува и местото на кабриолетот од S-Class.

Новиот SL поседува целосно нова архитектура на родстер, со алуминиумска структура. Не постои дел од каросериската шпколка што е преземен од претходникот или од друга моделска серија.

Првпат во 70 години, SL се испорачува со погон на сите тркала. AMG Performance 4MATIC+ ја распределува погонската сила меѓу предната и задната оска целосно варијабилно

Активното спречување на клатењето на каросеријата AMG ACTIVE RIDE CONTROL не користи попречни стабилизатори и тоа донесува предности и во возната динамика и во комфорот.

Управувањето на задната оска соединува агiлност и стабилnост, и исто така првпат се користи во SL.

Продажбата ќе стартува со два V8-мотори AMG. Понатаму ќе следат и други мотори, меѓу другото и моќен хибрид E PERFORMANCE.

Електрохидрауличниот платнен покрив се отвора и затвора целосно автоматски за 15 секунди. Тоа може да се изврши во возење до брзина од 60 km/h.

Аголот на поставување на мултимедискиот дисплеј може со помош на електромотор да се менува од 12 до 32 степени.

Интелигентната говорна асистентка „Hey Mercedes“ разбира 28 јазици.

На почетокот на продажбата ќе бидат достапни 12 бои, од кои пет се металик, шест се специјални тонови со печат на MANUFAKTUR, една боја е уни, а за покривот може да се избира меѓу три различни бои (црна, сива и црвена).

За степенот на дигитализација сведочат осумте различни дизајни на прикажување во возачкиот дисплеј

>>> Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Претходна објаваСо акциите на Volvo Cars од денес се тргува на берзата во Стокхолм
Следна објаваDaimler Truck и BP градат мрежа од станици за точење водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here