Повеќе електрични од бензински автомобили по патиштата во Осло

Во минатиот месец, од вкупиот број на возила што сообраќале по обиколницата околу норвешката престолнина, 28,1 проценти биле електрични автомобили, додека 28 проценти биле автомобили со бензински мотор. Разликата од 0,1 процент можеби е мала, но Норвежаните уште сега се убедени дека наскоро и третата група возила, што уште предничи, ќе биде престигната од електричните.

При наплатата на патарина на дваесетината станици на обиколницата околу Осло, во септември првпат биле регистрирани 28,1 проценти електрични автомобили и 28,0 проценти бензински автомобили. Уделот на првиве во изминатиов период се зголемува постојано, почнувајќи од 1,5 процент во 2013 година.

Во исто време, уделот на патничките автомобили со дизел или бензински мотор е во постојано опаѓање. Сега се случи и историската пресвртница, кога електричните автомобили повеќе не се последни во поглед на нивната бројност по брзите патишта околу Осло.

Прашањето не е дали електричните автомобили следно ќе ги престигнат и дизелите, туку е прашање само кога. Нормално, светските шампиони во светската престолнина на електричниот погон пресметале дека тоа ќе се случи за околу три години.

Уделот на различните категории возила по обиколницата околу Осло во септември 2021

Дизел, патнички автомобили 36,2%

Бензин, патнички автомобили 28%

Електрични, патнички автомобили 26,5

Електрични, доставни возила 1,6%

Камиони, Еуро 5 норма 1,2%

Камиони, Еуро 6 норма 6,2%

Камиони, без штетна емисија 0,3%

Вкупно 34,8 милиони наплати за користење на обиколницата

>>> Само еден од десет продадени автомобили во Норвешка не е електричен

 

Претходна објаваРафаел Надал вози електрична Kia EV6
Следна објаваТест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here