Производителот на батерии CATL вложува 5 млрд. $ во рециклирање

Webasto производство батерии

Водечкиот кинески добавувач на батерии за автомобилската индустрија CATL најавува изградба на погон за рециклирање стари батерии од електрични автомобили.

Според пишувањето на агенцијата Ројтерс, којашто се повикува на информации од компанијата, погонот ќе се гради во провинцијата Хубеи во централна Кина. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 5 милијарди американски долари. Засега нема информации околу датумот кога ќе почне да работи погонот.

За таа цел, CATL формира заедничка компанија со хемискиот концерн Hubei Yihua Chemical Industry. Имајќи го предвид глобалниот раст во продажбата на електрични автомобили, рециклирањето материјали за изработка на батерии, како што се кобалт и литиум, во иднина ќе биде од пресудно значење.

Батерии од CATL се вградуваат меѓу другото во електричните автомобили на Volkswagen и Tesla.

>>> Батерии од BMW i3 даваат струја за светската турнеја на Колдплеј

Претходна објаваPorsche ја зголемил продажбата за 13 проценти
Следна објаваKia најпродавана марка во Хрватска во септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here