Во Хамбург: Такси со возила што далечински се управуваат до нарачателот

Хамбург во 2022 година ќе биде прв град во светот што на жителите и туристите ќе им нуди телематско такси. Зад овој несекојдевен подвиг стои компанијата Vay, што е основана во 2018 година и меѓу чијшто влијателни подржувачи се појавува Нико Розберг, поранешен шампион во формула 1.

Германска компанија ќе нуди револуционерен вид на такси услуга. Во возилото што доаѓа на местото на коешто ќе биде повикано, нема таксист, туку неговиот возач се наоѓа некаде далеку, во канцеларија во централата на компанијата.

Исто како што тоа функционира беспрекорно и во Македонија, такси возилото се повикува преку мобилна апликација и истото пристигнува за само неколку минути. Но, во случајот на Vay, на возачкото место нема никој. Откако возилото ќе пристигне на местото, барателот на услугата сам седнува зад воланот и се упатува до саканото одредиште. Потоа, сосем нормално го напушта возилото, за оттаму „теле-возачот“ да ја презеде контролата и да го управува возилото до некој друг корисник што бара услуга.

Нема потреба да се бара простор за паркирање или возилото да се остава далеку од одредишето, затоа што нема паркиралиште во непосредна близина. Тоа е прилично генијална идеја. Секако дека Vay користи електрични возила, конретно се користат Kia Niro.

Оваа техно-авантура ќе стартува прво во Бергедорф, предградие во источниот дел на Хамбург. Како што ќе се покажува дека системот дејствува беспрекорно, така услугите ќе стануваат достапни и на подрачјето на целиот град. Идејата е да се пополнат празнините во јавниот превоз, особено до преградијата.

Vay две години го тестира „телепревозот“ на јавни патишта во Берлин и Хамбург, меѓутоа заради безбедност има возач зад воланот, кој е подготвен да преземе контрола во случај кога ќе затаи техниката. Моментно се работи на добивање одобрение за Градот да дозволи возила што ќе бидат управуивани далечински.

>>> Автономни комбиња на Volkswagen во јавен превоз во Хамбург по 2025 година

 

Претходна објаваBritish Petrol е трет акционер во мрежата од 300.000 полначи на BMW и Mercedes
Следна објаваVolkswagen одамна не е „буба“ и „голф“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here