Макрон сака Франција во 2030 да произведува два милиони електрични автомобили годишно

Електрични автомобили, воздухопловство, но и атомска енергија – Емануел Макрон сака на земјата да ѝ ја обезбеди иднината, преку инвестициски план тежок 30 милијарди евра, насочен во осовременување на француското стопанство.

Францускиот претседател Емануел Макрон претстави план за инвестиции, наменет за модернизација на стопанството, тежок 30 милијарди евра. Целта е Франција повторно да стане индустриски моќна држава и иноватор, најави Макрон при денешното претставување на планот „Франција 2030“ во Париз.

Вложувањата во следните пет години главно ќе се насочуваат во клучните подрачја на француското стопанство, вклучувајќи ја автомобилската индустрија, но и воздухопловството и астронаутиката, како и секторот за храна и фармацијата.

Инвестициите ќе бидат наменети и за атомската енергија, за развој на помали атомски реактори. Франција треба да прерасне во водечка земја во поглед на водородот добиен со енергија од обновливи извори. До 2030 година, државата треба да достигне годишен капацитет за производство на два милиони електрични и хибридни автомобили.

Макрон со двочасовен говор го претставуваше долго очекуваниот инвестициски план, како најава за претседателските избори што ќе се одржуваат во април 2022 година. Доколку Макрон повторно биде избран за Претседател, тоа ќе претставува своевиден предуслов за планот да биде реализиран од властите. Макрон официјално уште ја нема објавено својата кандидатура, но таа е сосем извесна.

>>> Кинески концерн гради фабрика за батерии во Франција

Претходна објаваDFSK со електрични автомобили на салонот Аутомобиле Барцелона
Следна објаваНовиот Ford Tourneo Connect е близнак со Volkswagen Caddy

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here