DFSK со електрични автомобили на салонот Аутомобиле Барцелона

Пред помалку од две години, DFSK го привлече вниманието на сцената со СУВ-седумседот Glоry 580. Потоа следеше купе-СУВ, па електричен и сосем способен СУВ, наскоро следи уште еден нов модел. Овој производител се развива. Месецов, моделите под знакот што симболизира два папагали во лет, се најдоа пред публиката на салонот Аутомобиле Барцелона.

Да не биде пропуштен и следниов момент: Seres SF5 е првиот автомобил што техно-гигантот Huawei им го понуди на своите клиенти во премиум-салоните. Електричен автомобил, патем. Најновата вест од DFSK се однесува на нивното присуство на салонот на автомобили и мобилност во Барцелона, што се одржуваше од 2-ри до 10-ти октомври на прочуениот Монжуик.

Три автомобили беа изложени на штандот на DFSK на шпанскиот салон. Секако дека купе-СУВ моделот Glory ix5 е гордост на кинескиот производител и не отсуствува од ниту еден настан, а покрај него се најдоа електричниот СУВ од компакт класата Seres 3 и исто така електрична изведба на препознатливите лесни камиони на DFSK, EC35. Кралот на Шпанија, неговото височество Фелипе Шести, со цело име Фелипе Хуан Пабло Алфонсо де Тодос лос Сантос де Борбон и Грекиа, го почести производителот од Кина со посета на нивниот штанд. На чинот присуствуваше и премиерот на Шпанија, Карлос Санчез. Како што соопштуваат од DFSK, Кралот и Премиерот искажале големи надежи за напредувањето на DFSK во Шпанија.

Станува збор за најголемиот меѓународен салон на автомобили во Шпанија, што се одржува еднаш годишно, со големина слична на салоните во Шангај и Пекинг во Кина. Настанот беше одложен за октомври поради пандемијата. Одржувањето на салонот воедно беше и доказ дека шпанската економија заздравува и властите подобро се справуваат во борбата против пандемијата. Бројот на изложувачи, на посетители и на медиуми беше повисок отколку во претходните години.

Шпанија вложува многу во електромобилноста и воопшто во одржливоста на животната средина и добивањето енергија од обновливи извори. Високите гости на штандот на DFSK потврдија дека електричните автомобили се правецот во којшто се движи земјата и се надеваат дека шпанскиот увозник за DFSK ќе го прошири присуството на одличните електрични автомобили на шпанскиот пазар.

Тест: DFSK Glory 580 · Колата што сите ја гледаме, но ја мислевме за друга

>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

Претходна објаваСо моделите на Volvo директно до црвениот тепих на овогодишниот филмски фестивал “Браќа Манаки“
Следна објаваМакрон сака Франција во 2030 да произведува два милиони електрични автомобили годишно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here