Toyota Hilux за Рели Дакар 2022 добива преработено подвозје, поголеми тркала и зајакнат мотор. Ал Атија/Баумел и Вилиерс/Марфи го предводат возачкиот квартет.
Огранокот за мотоспорт Toyota Gazoo Racing ќе пушти четири Hilux на стартот на Рели Дакар, што ќе се вози меѓу 2-ри и 14-ти јануари 2022 година. Возачкиот квартет во Саудиска Арабија ќе го предводат Насер Ал Атија и совозачот Матје Баумел, а добро познати се и останатите имиња за најтешкото рели во светот: Жиниел де Вилиерс и навигаторот Денис Марфи, Хенк Лејтган и Брет Камингс, како и Шамир Варијава и Дени Стасен. Новиот рели-болид се води под името Toyota GR DKR Hilux T1+.
Шефот на тимот Глин Хол: „Со големо задоволство објавуваме дека тимот е сличен на тој од минатата година. Со Насер и Жиниел на врвот, и со Хенк, кој стекнува сé поголема самодоверба, ќе се бориме за врвните позиции на Рели Дакар 2022. Нашата нова Toyota GR DKR Hilux T1+ напредува добро. Внимателни сме, затоа што со новиот автомобил ќе се соочиме со најостра конкуренција во јануари.“
Точната рута на Дакар 2022 ќе се утврди подоцна, но се очекува етапите да бидат слични со изданието на релито во 2020 и 2021 година.
https://photos.app.goo.gl/hBMqHtqqudMwBezT6
Во новата Toyota GR DKR Hilux T1+ се користат компоненти од победничкото возило во 2019 година, вклучувајќи подобрувања во подвозјето и гуми од 37 место од 32 инчи. Ширината на гумите исто така расте од 245 на 320 милиметри. Работните одови на пружините се зголемени.
Под хаубата отсега работи 3,5-литарски твин-турбо бензинец, што потекнува од GR-S изведбата на новата Toyota Land Cruiser 300. Во стандардната изведба, моторот V6 располага со моќност од 414 КС и вртежен момент од 650 њутнметри при 2.000 вртежи. Тркачката верзија ќе располага со уште поекстремни вредности.
https://photos.app.goo.gl/g9gPK3TriFaGTExb9
Од Toyota Gazoo Racing порачуваат дека масивно се вложуваат и средства и човечки ресурси во светското првенство во рели (WRC), во првенството во трки во издржливост (WEC) и на 24-часа Нирбургринг, со цел искуствата да се применат за сериските возила да бидат уште подобри.
>>> Toyota RAV4 дотеран за вистински авантури

















