за

Volkswagen гради фабрика за батерии во Кина

Огранокот на Volkswagen во Кина ја започна изградбата на фабрика за батериски системи во Хефеи, во провинцијата Ањхои.

Концернот Volkswagen првпат ќе биде целосен сопственик на фабрика за батериски системи во Кина. Годишно во фабриката во Хефеи ќе се произведуваат меѓу 150.000 и 180.000 батериски системи за модели со целосно електричен погон, конструирани врз платформата MEB.

Фабриката со површина од 45.000 метри квадратни ќе се гради покрај постоечките производствени погони на Volkswagen во Анхуи, што се заедничка инвестиција на германската компанија и Кина, со VW како мнозински сопственик. Групацијата Volkswagen во Кина ќе инвестира повеќе од 140 милиони евра во новата фабрика за батерии до 2025 година. Редовното производство ќе стартува во втората половина од 2023 година.

Уделот на електричните возила во продажбата на сите марки од концернот Volkswagen на пазарот во Кина треба да достигне најмалку 40 проценти до 2030 година. Германскиот примус во браншата моментно гради фабрики за батерии за возила врз платформата MEB во Азија, Европа и САД. Главна фабрика во синџирот е Бранушвајг, каде што веќе се произведува со капацитет за 500.000 системи годишно.

Површината што ја зафаќа фабриката соодветствува на осум фудбалски игралишта. Во почетокот фабриката ќе вработува 200 лица. Во работата на фабриката ќе се користат искуствата и препораките од сопствените фабрики на VW, како и од фабриката во Тианџин.

Батериските системи за моделите врз платформата MEB на Volkswagen се состојат од повеќе ќелиски модули, контролер за управување со ќелиите, систем за управување со батеријата и приклучна лајсна, што меѓусебно се поврзани преку високонапонски врски и заштитени се во алуминиумско куќиште. Производството се врши на две одделни ленти: Изработка на рамката и монтажа на системот.

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Русија до септември регистрирала над 20.000 нови возила од кинеската марка Haval

Toyota ги почнува подготовките за најтешкото рели во светот