Британски Autocar: Иднaта Dacia Duster станува хибрид и ќе остане достапна

Воведувањето електромотор во погонот на Dacia нема да ја наруши мисијата на романската марка да нуди достапни и способни автомобили. Тоа го ветува Џулијен Фери, шеф на развојот на новата генерација на Dacia Duster, во интервју за Autocar.

За главниот човек во развојот на наследникот на Duster е клучно моделот да остане „истиот“. Тоа го изјави Џулијен Фери во интервју за влијателниот британски магазин Autocar. „Неговата улога во компанијата е да обезбеди одличен сооднос меѓу цената и понуденото, тој мора да цели кон клиентите кои бараат едноставен автомобил што може да вози по терен.“

Фери понатаму открива дека за наследникот на тековната генерација на Duster се внимава многу на теренските способности. Британскиот Autocar ја пренесува оцената на менаџерот: „Тој е најдобар теренец меѓу возилата што не се специјализирани за терен“. Поради тоа, Dacia ќе го задржи рецептот и ќе го освежи соодветно на барањата на клиентите.

Извршниот директор на Dacia, Денис Ле Вот, во претходна изјава за магазинот Autocar, посочи дека буџет-марката „докрај ќе ја искористи“ платформата CMB-F на алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi. Истата платформа ја користи и Sandero, а во иднина ќе следат и модели на Lada, како дел од рационализацијата на платформите во рамките на групацијата.

Autocar оттука заклучува дека следниот Duster ќе го користи истиот приклучен хибриден погон како кросоверот Renault Captur, a може да се очекува и чисто електрична изведба врз платформата CMF-BEV од новиот Renault 5. Двете платформи се компатибилни, односно лесно може да се изведе електрична изведба од Duster, без потреба од конструирање посебна каросериска структура. Според магазинот, два модели со различен погон може да се произведуваат на иста линија. Премиерата на новата генерација на Dacia Duster се очекува во 2024 година.

Целосната објава на Autocar може да се прочита на https://www.autocar.co.uk/car-news/new-cars/2024-dacia-duster-go-hybrid-remain-affordable

 

Претходна објаваЕлектричните модели му донесоа на Volvo титула на најдобар производител за 2021 година
Следна објаваНеверојатно реалниот свет на модел-автомобилите на Ентони Шмит

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here