Марко Блажевски најдобар македонски возач на Twingo Cup на патеката Гробник

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се пласираа во Топ 10. Марко Блажевски беше седми во генералниот пласман. Второто место пак припадна на победникот за втората сезона на купот, на Давид Малинковски Третопласиран е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите македонски возачи на денешната трка на познатата патека во Хрватска е следен: Зоран Мираковски е 19-ти во генерален пласман, Ангелче Стојковски извозе 21-во време, Слободан Трајковски 22-ри и Емил Нацка 23-ти, додека Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодување.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo CUP трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=vt34QYE0qXg

Претходна објаваКамионетите на DFSK почнаа да возат на струја
Следна објаваПрвиот Cadillac на струја се распродаде за 10 минути

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here