Бесплатен перек за возачките и возачите на велосипед во 554 пекарници од 73 компании со синџири од пекарници, во иницијативата на германското министерство за сообраќај. Идејата е да се поттикне користењето велосипед во градовите.
Од 20-ти до 24-ти септември, велосипедистките и велосипедистите во германската покраина Баден Виртемберг ќе уживаат во изненадувањето што посебно е наменето за нив. Во овие денови, сите корисници на велосипед ќе добиваат бесплатен перек до 10 часот наутро, во пекарниците што учествуваат во акцијата. Единствено е потребно да се покаже заштитен шлем. Нема обврска да се купи друг производ.
Акцијата е замислена со цел да се укаже на позитивните ефекти од користењето велосипед. Кој редовно вози велосипед е поздрав, поиздржлив и помалку е под стрес. Воедно се прави добро и за заштитата на климата.
Министерот за сообраќај на Германија, Винфрид Херман: „Нема разлика дали возите велосипед до работа, до училиште, до универзитет или едноставно за уживање, дали возите секојдневно или го правите тоа само за време на акцијата: Наградете ја својата заложба за сопственото здравје и за заштитата на климата со бесплатен перек.“
Зависно од големината на пекарницата, секој ден ќе стојат на располагање меѓу 20 и 75 бесплатни переци, до 10 часот наутро. Одлична идеја што може да ја искористат и нашите велосипедски организации. Министерствата малку потешко.
>>> Секој петти инженер на BMW доаѓа на работа со велосипед

















