Консултантската компанија Deloitte нарача уште 140 возила Mini Cooper SE за да го покрие зголемениот интерес за електрични возила. Тоа е досега најголема нарачка за моделот на Mini на струја во Европа.
Меѓу младите вработени се создава тренд за користење електрично службено возило. Само во Deloitte, повеќе од една четвртина (26%) од вработените избираат автомобил на струја. Компанијата за консултантски услуги нарача дополнителни 140 електрични Mini Cooper SE.
Покрај вклучувањетона електричните возила во својот возен парк, Deloitte вложува и во мрежа од полначи. Во август лани, компанијата ги пушти во својот возен парк првите 100 примероци од Mini Cooper SE. Најголем интерес за службен автомобил меѓу вработените постои за електричното Mini што е препознатливо по зелените ретровизори, заштитната боја на Deloitte.
Британската марка во групацијата на BMW само од јуни годинава има добиено нарачки за 540 возила Mini, од кои 140 се електрични Cooper SE
Паралелно расте и интересот за хибридни возила. Во јуни годинава, автомобилите што имаат електромотор во погонската спрега сочинуваа 88% од нарачаните нови возила за Deloitte. Се вложува и во полначи. Белгиската подружница располага со мрежа од 540 станици со полначи за електрични и приклучни хибридни автомобили.
Целта е компанијата до 2030 да постигне целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2. Deloitte ја започна програмата за заштита на климата во 2017 година.
>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

















