Во северниот дел на Италија, во подрачјето Франкиакорта во провинцијата Бреша, почна да работи осмиот центар за посебни возачки доживувања на Porsche.
Центарот на Porsche во близина на прочуениот вински регион Франкиакорта покрива површина од околу 60 хектари. Во состав на центарот влегуваат возачка патека „Autodromo di Franciacorta” со три различни подрачја за тренинг, дел за теренски возење и главна патека што е долга два и пол километри. Специјално подготвени возила им стојат на располагање на лицата со посебни физички потреби. Објектот на Porsche Experience Center содржи центар за клиенти и боксови.
Центарот за клиенти има покрив со профил на лак и располага со вкупно 5.600 метри квадратни. Во широкиот централен простор под покривот може да се изведат просторија за обука, салон за предавање на новите возила, ресторан со најдобрата панорама на патеката и бар, продавница на Porsche и подрачје за дечиња. Исто е предвидена и конференциска сала. Боксовите се состојат од 29 гаражи и овој простор одговара и за одржување на автомобилски натпревари, меѓу другото за трки во рамките на Porsche-Carrera-Cup Italia.
https://photos.app.goo.gl/YNaULnUZnWdgMrfPA
Во Франкиакорта постои и симулатор за виртуелна реалност и за е-спортови, со осум места, како и простор за е-карт. До крајот на годината ќе се догради и центар за обука на италијанските дилери на Porsche.
https://photos.app.goo.gl/hzJnc49wcgWTFVx38
https://photos.app.goo.gl/U834V1kVHMndcpNP6
https://photos.app.goo.gl/1qA29Nw4SgErxUueA
https://photos.app.goo.gl/KANTqewVZEBnNTu96
https://photos.app.goo.gl/3FFWei7kCTz5zdtu8
https://photos.app.goo.gl/rbvfxFeFfzbYcoKS6
>>> Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021
















