Салонот ИАА Мобилност за шест денови привлече 400.000 посетители

На последниот ден од одржувањето, двата организатори, Здружението на германската автомобилска индустрија и Минхенски саем, јавија дека „ИАА Мобилност во Минхен е голем успех“.

Четиристотини илјади посетители за шест денови се признание од јавноста дека новиот концепт на салон на автомобили ИАА Мобилност е погоден. „Презедовме храбар чекор и посетителките и посетителите нé наградија за тоа“, заклучува Хилдегард Милер, претседателка на Здружението на германските производители на автомобили.

ИАА Мобилност во Минхен е настан што се организира со сосем нов концепт, во замена за класичниот салон за автомобили ИАА во Франкфурт. Настанот повеќе не ги собира само производителите на автомобили и пратечката индустрија, туку го соединува сите видови на мобилност, со нагласок на мобилноста на иднината.

https://photos.app.goo.gl/kpPzbB9vJWwn9Zh48

Под ист „покрив“ на ИАА во Минхен се најдоа и производители на автомобили и производители на велосипеди, но и понудувачи на дигитални решенија и на нови услуги за мобилност во градовите. Освен во саемските хали, настанот се одржуваше и на бројни места насекаде низ Минхен. На настанот учествуваа 744 изложувачи и 936 говорници од 32 држави. Заедничката мисија беше на светот да му се претстават иновациите и визиите за мобилност на иднината што не ѝ наштетува на климата. 

Во Минхен доживеавме пријателска прослава на мобилноста. Минхен и Баварија се нов домза најголемиот настан посветен на мобилноста во светски рамки

Хилдегард Милер, претседателка на здружението на германски производители на автомобили

ИАА Мобилити се одржа на површина од вкупно 260.000 метри квадратни, од кои 195.000 метри квадратни во саемските хали и 65.000 метри квадратни во централното подрачје на Минхен. На „Сината лента“ беа ставени на располагање 255 возила, со коишто беа направени околу 7.000 пробни возења. Две третини од посетителите биле помлади од 40 години. За 86 проценти од посетителите, концептот на салонот бил добар или многу добар.

https://photos.app.goo.gl/HgbYRdym8yd4xtZb6

На публиката најмногу ѝ се допаднала разновидноста на изложувачите и можноста за директно испробување на новитетите. Директорите на Саемот укажуваат и на фактот дека концептот на заштита на здравјето и на хигиената покажале делотворност и во услови на ваков сложен настан.

Меѓународната медиумска покриеност (потенцијална) на ИАА Мобилност 2021 надминува 137 милијарди прегледи. На каналите на ИАА Мобилност на друштвените мрежи се забележани 140 милиони вчитувања. Само објавите на јутјуб и тикток биле прегледани повеќе од 38 милиони пати. За настанот имаат најмногу објавено Кина, САД, Јужна Кореја, Бразил, Шпанија, Италија и секако Германија.

https://photos.app.goo.gl/MiKAxoHNH3WYaJKy7

https://photos.app.goo.gl/3S7J2j8kanMBhetc6

https://photos.app.goo.gl/YTRJC2wJrM5ShTRd6

https://photos.app.goo.gl/yMw7zbsZh47wgq89A

https://photos.app.goo.gl/aPCvxPikY1TDfkVk6

https://photos.app.goo.gl/CL6LicruvXuU6SWa9

https://photos.app.goo.gl/6y28kph2QqW8zY1j8

https://photos.app.goo.gl/F2TzDj24JF18cYRH7

https://photos.app.goo.gl/fg9eKdKFijULMfrKA

https://photos.app.goo.gl/ajXjJFqHxTyQV6BQ7

https://photos.app.goo.gl/jwUV5rr6Fdj5GLkk6

https://photos.app.goo.gl/hc2FMuCNvgAhrf2r5

>>> Електрични автобуси Mercedes ги превезуваат посетителите на ИАА Минхен

Претходна објаваНовиот Kia Sportage е најпродаван автомобил во Кореја
Следна објаваMercedes E-Class веќе вози на струја: EQE по пример на EQS

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here