Службена Tesla под оперативен лизинг во 16 европски држави

ALD Automotive, водечка компанија во лизингот на возила во Европа, стартува со оперативен лизинг за електрични возила Tesla за компании во 16 држави во Европа.

Компаниите можат да ги користат сеопфатните пакети за лизинг на ALD Automotive за електричните автомобили Model 3, Model Y, Model S и Model X на калифорнискиот специјалист Tesla. Во пакетот се опфатени смена на гуми, помош при незгода и осигурување, како и редовно одржување на возилата, коешто ќе се врши во центрите на Tesla и преку мобилниот сервис во цела Европа.

Автомобилите се достапни со флексибилен договорен рок на отплата и за флексибилна километража. Возилата можат да се конфигурираат директно на вебсајтот на Tesla. Услугите на лизинг се достапни во Швајцарија, Белгија, Данска, Ирска, Италија, Финска, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Австрија, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

ALD Automotive е фирма ќерка на француската деловна банка Société Générale и се вбројува меѓу водечките понудувачи на услуги за мобилност за компании и за приватни клиенти во светски рамки. Компанијата оперира глобално со вкупно 1,76 милион возила во 43 држави.

Еден пример од актуелната акциска понуда на компанијата, за приватни корисници. За електричен Renault Twingo Electric Vibes (продажна цена 24.790 евра) се плаќа месечна рата за лизинг во висина од 134,99 €, вклучувајќи еднократни трошоци за префрлување и регистрација во висина од 1.098,00 €, за договорен период во времетраење од 48 месеци, како и учество во висина од 6.000 евра. Километражата е ограничена на 40.000 km за целиот период од четири години, при ефективна годишна камата од 3,24 проценти.

>>> Зошто Tesla се судира со полициски автомобили?

Претходна објаваЕлектрични автобуси Mercedes ги превезуваат посетителите на ИАА Минхен
Следна објаваФабриките скусуваат по уште еден ден поради недостигот од чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here