Новиот Jogger е главен во моделската понуда на Dacia и поставен е на еден од главните влезови на салонот. Подеднакво е важен и електричниот Spring. Петнаесет примероци стојат на располагање за пробно возење низ градот.
Годинава е посебно важна за Dacia, затоа што романската марка на Renault го заокружи обновувањето на целата понуда од модели. По електричниот градски автомобил Spring, компактниот Sandero, лимузинската изведба Logan и освежувањето на Duster, следна новина е Jogger, како комплетно нов концепт на автомобил, со седум седишта, на местото на ванот Lodgy и повеќенаменското комби Logan MCV.
Сите модели го прикажуваат новиот идентитет и новиот дух на марката Dacia пред посетителите на салонот ИАА Мобилност во Минхен. Тоа се современи и оригинално осмислени модели, кои се засновани на идејата да се поминува повеќе време во природа. Затоа Dacia ги повикува посетителите на ИАА на авантура.
https://photos.app.goo.gl/y2WeDy8AsyCVYkR66
По дигиталното претставување на 3-ти септември, Dacia Jogger ја доживува својата светска премиера во Минхен, на пловечка платформа, којашто маркетинг мајсторите на марката ја нарекоа „Езерски камп“. Тој се наоѓа директно пред „Самитот“, односно пред халите во коишто се претставуваат светските новитети на ИАА Мобилност.
На овој начин се нагласува духот за авантура на новиот модел со 7 седишта на Dacia. Производителот цени дека Jogger е совршен за семејства, за секојдневието и за излети во природа. Новакот на романската марка располага со најдобар сооднос меѓу простор и цена, односно нуди најмногу место за парите во својот сегмент.
Dacia постави и втор базен камп, во јадрото на Минхен
Вториот базен камп е поставен на прочуениот Кенигплац, односно на Кралскиот Плоштад во баварската пресолнина. Во кампот се изложени сите модели, Duster, Sandero, Sandero Stepway и Spring. Единствено отсуствува Logan, затоа што на германскиот пазар постои само слаб интерес за лимузини од таа класа.
Двата кампа се спојуваат одлично со можноста да се земе еден од 15-те примероци од електричниот Dacia Spring и да се извози од еден до друг камп.
https://photos.app.goo.gl/Gkk4MbqGR5omiFEr8
https://photos.app.goo.gl/mQh6TGiPzDkRa9dJ8
https://photos.app.goo.gl/S2c1GKEWBrcZmFxw9
https://photos.app.goo.gl/vW3YUQwin6D41fjf8
https://photos.app.goo.gl/eNyRJu4Q9YCsjbp1A
















