Не се само автомобили на ИАА: Polestar има товарен велосипед на струја

Звучни имиња, вклучувајќи го шведскиот електро-специјалист Polestar, што е дел од Volvo, претставија концепт на електричен транспортер како најдобро и најодржливо решение за достава на пратки до врата на салонот ИАА во Минхен.

Подмарката на Volvo што произведува електрични возила е дел од конзорциум од звучни имиња во дизајнот, мобилноста и одржливите материјали, што си постави задача да развие возило посебно наменето за крајна достава на стока и пратки во градот. Проектот именуван Re:Move е одговор на огромниот раст во онлајн-трговијата и нарачките за достава до домот. Кусо, тоа е вистинска замена за доставните возила, комбиња, камионети и камиони, на коишто неретко им се забранува пристап во градското јадро или тоа се дозволува единствено за возила со погон на струја.

Првиот функционален прототип на Re:Move деновиве е изложен за публиката и стручната јавност на салонот за мобилност во Минхен, наследник на франкфуртскиот ИАА. Проектот во почетокот од годинава го иницираше магазинот Wallpaper преку својата серија Re:Made. За таа цел беше ангажиран познатиот индустриски дизајнер Консантин Грчиќ. Од таа серија наскоро ќе почнат да произлегуваат вистински возила што ќе бидат достапни во продажба. Освен Polestar, во проектот Re:Move учествуваат уште пионерот на е-мотоциклите CAKE и производителот на алуминиум Hydro.

https://photos.app.goo.gl/k7xBgxSHT8h82viS7

https://photos.app.goo.gl/vpvtdLFqas2iEQyJ7

Транспортерот е широк само 750 mm и може да ги користи велосипедските патеки. Носивоста изнесува до 180 килограми. Алуминиумската шасија располага со електричен систем што дозволува возилото да се наведнува во свијоци, заради стабилност и полесно управување. Кругот на вртење е помал од седум метри. Диск сопирачки се грижат за безбедност, а задната осцилациска вилушка располага со амортизер и се грижи за комфор. Секако дека и осветлувањето е комплетно.

Брзината е ограничена на 25 km/h, батеријата е со капацитет од 2,2 kWh.

>>> DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Претходна објаваVolkswagen ID. Life е најава за народен електричен автомобил
Следна објаваDacia постави базен камп среде Минхен, има нов модел Jogger

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here