Volkswagen ID. Life е најава за народен електричен автомобил

Volkswagen ID. Life е студија на малечок кросовер со електричен погон, како најава за серискиот модел што ќе стартува со продажба во 2025 година. Народниот електромобил се одликува со одржливост, дигитална технологија, безвремен дизајн и нов концепт на внатрешноста.

Предвидувањата на големите производители на автомобили се покажаа неточни. Volkswagen нема да стартува со продажба на малечок кросовер со погон на струја во 2027 година, туку две години порано. Цената на основниот модел ќе биде под 20.000 евра. Volkswagen ID. Life е верна најава за идниот електромобил и во следните денови ќе биде едно од најчестите одредишта на посетителите на салонот ИАА Мобилност во Минхен.

Во средиштето на развојот на градскиот модел на струја се поставени човекот и дружењето. Новиот концепт на внатрешноста овозможува ID. Life да се користи и како кино сала, играчки центар или место за отпуштање под отворено небо.

Веруваме дека автомобилот во иднина уште повеќе ќе претставува израз на животното чувство. На купувачите во иднина не им е важна само мобилоста, туку многу повеќе е важно тоа што ќе се доживее во автомобилот. ID. Life е нашиот одговор.

Ралф Брандштетер, извршен директор на марката Volkswagen

Дизајнот е минималистички, но во исто време оддава и квалитет. Нема украси, нема каросериски додатоци, нема шаренило од материјали. Тоа се нагласува и со строгата хоризонтална поделба меѓу телото на каросеријата, стаклата и покривот. Посебност е покривот што е изработен од рециклирани пластични шишиња и се отстранува за целосно уживање во средината. Така се смалува и тежината.

https://photos.app.goo.gl/uLaPeiBLcYP6xQCw7

Моќност од преку 200 КС и досег од 400 километри очигледно ќе станат стандард кај електричните возила до 2025 година

Градскиот кросовер користи смалена и поедноставена варијанта на MEB-платформата од ID.4, ID.4, Enyaq & Co. Погонот е напред, место назад. Многу оптимистички се вредностите на погонската спрега: 234 КС, спринт до темпо сто за 6,9 секунди, батерија од 57 kWh за досег од 400 километри. Очигледно е дека многу работи ќе се сменат во електромобилноста до средината од деценијава.

ID. Life е шампион во одржливост. Во проѕирниот лак се користени дрвени струшки како природен пигмент, заедно со зацврстувач на био-основа. Неколку делови во арматурната табла се изработени од дрво. Гумите се изработени од био-масла, природен каучук и оризова лушпа.

https://photos.app.goo.gl/cvWv5BQBUpTzcnzZ6

Играчка конзола и бимер се стандард. Платното за прокетирање се извлекува од арматурната табла. Предните седишта може да се легнат целосно, исто како и задната клупа. Така се добива лежај долг два метри.

Сите ретровизори се заменети со камери и дисплеи. До главните функции се пристапува преку сензорското поле на воланот, на кого што му е „отсечен“ горниот дел. Ракувањето може да се врши и преку телефон. Секако дека филмовите, музиката, игрите на телефонот ќе може да се гледаат на проекциското платно на ID. Life.

До 2030 година, електричните возила ќе учествуваат со најмалку 70 проценти во продажбата на Volkswagen во Европа, односно најмалку 50 проценти во Северна Америка и Кина.

https://photos.app.goo.gl/TNNoJrpwNRKD6JUt8

https://photos.app.goo.gl/hLVTFsCs8jbXPbia9

https://photos.app.goo.gl/Dteu9z9SAn6P3x56A

https://photos.app.goo.gl/vgHPRqdMn3uWUvyMA

https://photos.app.goo.gl/47rog89cEzXfsZmt5

https://photos.app.goo.gl/FavuSCX1iC2E8JTa9

https://photos.app.goo.gl/wXyM7B5AUNFbhpQi7

https://photos.app.goo.gl/dJdpHP9sfH6xZMSY6

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваДизајн на Славче Таневски за првиот електричен Mercedes-Maybach
Следна објаваНе се само автомобили на ИАА: Polestar има товарен велосипед на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here