Kia Carnival доби врвни оцени за безбедност во САД

Семејниот ван Kia Carnival доби оцена за највисока безбедност од американскиот институт IIHS. Луксузниот автомобил пред неколку месеци стартуваше со продажба на големиот пазар.

Позитивна оцена во сите шест подрачја според коишто Осигурителниот институт за безбедност на автопатиштата (IIHS) го оценува нивото на заштита, за големиот ван на Kia. Американските експерти за безбедност на возилата дадоа највисоки оцени за сценарио со мало преклопување при судир од страната на возачот и на страната на совозачот, како и со средно преклопување со пречка од двете страни, а понатаму и за цврстината на покривот и за делотворноста на потпирачите за глава.

Новата генерација на Carnival балансира меѓу СУВ и семеен транспортер, со нагласен СУВ-дизајн со остри агли. Ванот е шампион во класата во поглед на зафатнината на товарниот простор. Не останува кусо ниту возната динамика, благодарение на моќниот V6 од 3,5 литри. Carnival се извојува и со 12-те системи за асистенција што се вградуваат уште во основното ниво.

Тоа е осми модел на Kia што освојува топ-оцени од IIHS, откако во тоа пред него успеаја актуелните моделски годишта на Soul, Forte, Seltos, Stinger, Sportage, Sorento и Telluride. Сите се опремени со предупредување и самостојно запирање при опасност од судир и со напредни предни светла. Моделското годиште 2022 на гран-туризмото Stinger и примероците од лимузината K5 произведени по ноември 2020 година, исто така освоија топ-оцена. Вкупно 10 модели со примерна безбедност.

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Претходна објаваРускa Gazelle вози со погон на водород во Германија
Следна објаваАндре Ситроен во 1922 година го создаде првиот автомобил за дами

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here