Mercedes-AMG Project ONE ќе се вози прво во видеоигра

MERCEDES-AMG ONE

Mercedes-AMG стапи во тесна соработка со Microsoft со цел да се создаде хипер реалистично возачко доживување со хипер автомобилот Project One. Станува збор за возачката игра Forza Horizon 5, што светот на видеоигрите ја очекува со нетрпение.

На целосно дигиталното издание на gamescom 2021 (од 25-ти до 27-ми август), Xbox Game Studios на Microsoft ќе ја претстави новата игра Forza Horizon 5, во којашто главна ѕвезда е Mercedes-AMG Project ONE „Forza Horizon Edition“.

Виртуелниот пандан на хиперавтомобилот што користи погонска технологија од Формула 1, одушевува со деталноста и моментно најверодостојната репродукција што постои во дигиталниот свет. За играта се користени предели во Мексико. Daimler потврдува дека забрзувањето, сопирањето, управувањето и аголноста, како и доживувањето на активната аеродинамика, соодветствуваат на својствата на автомобилот што во иднина ќе се вози во реалноста. Се најавуваат и други перформанс-модели на Mercedes-AMG што понатаму ќе бидат достапни во видеоиграта.

Во Forza може да се избира меѓу програма за возење „Track“ и „Road“, зависно дали се вози по правливите патишта во Мексико или по асфалтни делници со многу свијоци. Играчката заедница ќе му се радува на автомобилот со моќност од преку 1.000 КС и со дигитална крајна брзина од преку 350 km/h.

https://photos.app.goo.gl/dGcmJRj1hh7YDfs28

Mercedes-AMG Project ONE ќе се изработи во серија ограничена на 275 примероци. Forza Horizon 5 е наследник на играта Forza Horizon 4 од 2018 година. Играта ќе биде достапна по 9-ти ноември, на актуелните конзоли Xbox, како и на Windows PC. Соработката меѓу Mercedes-AMG и тимот на Forza ќе биде дел и од настапот на германскиот производител на салонот ИАА во следниот месец.

Хиперавтомобилот на Mercedes-AMG наскоро во производство

mercedes amg project one
mercedes amg project one

Претходна објаваКлубот АДАК докажа колку лесно се лажира километражата
Следна објаваPeugeot 308 GT добива матрични диодни светла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here