Дебаклот околу опасноста од палење на електричните возила Chevrolet Bolt EV скапо ќе го чини најголемиот американски производител на автомобили General Motors. Сервисниот повик ќе ги опфати и останатите моделски годишта од електричниот автомобил, вклучувајќи ги и возилата од актуелната моделска година.
General Motors претходно издаде сервисен повик за околу 69.000 примероци од електричниот модел Bolt EV, произведени меѓу 2017 и 2019 година. На овие возила сега им се придружуваат уште 73.000 примероци од останатите моделски годишта. Производителот проценува дека трошоците за сервисниот повик ќе достигнат една милијарда долари, односно околу 850 милиони евра. Возилата главно се продавани во САД, а одреден дел е испорачан во Канада.
Американската Агенција за безбедност во сообраќајот повеќепати ги предупредуваше сопствениците на Chevrolet Bolt EV, да не ги паркираат возилата во гаражa или во близина на живеалишта, поради опасноста од пожар. General Motors претрпува голема финансиска штета, концернот само во последниот квартал потроши 800 милиони долари на име на сервисни повици за електричниот автомобил Chevrolet Bolt.
Првиот сервисен повик за отстранување на проблемот беше издаден во ноември лани. Американските власти и понатаму предупредуваа за опасност од пожар кај Bolt EV. Извршените поправки биле неделотворни според Агенцијата за безбедност во сообраќајот, затоа што и понатаму се појавувале случаи на пожар кај примероци од електричниот автомобил. Батеријата потекнува од корејскиот гитант LG.
>>> Електричниот автомобил што Америка го имаше, но не го сакаше

















