Модното ателје Outlierman, со седиште во Болоња, претставува пандан на скапите и престижни марки автомобили во светот на стилските додатоци и приборот за секојдневието. Секако дека тие и годинава се дел од автомобилскиот собир Конкурс д‘Елеганс во Пебл Бич.
Во чест на еден од најценетите гран-туризмо модели во историјата и на прочуената каросериска работилница, Ferrari 410 Superamerica од 1956 година и Pininfarina, Студиото Outlierman специјално дизајнираше машна што ќе биде понудена во продажба во серија од само 50 примероци. Сите колекционери што деновиве ги изложуваат своите скапоцени и историски важни автомобили на Конкурс д‘Елеганс во Пебл Бич, добија примерок од оваа машна.
Изработени рачно од врвни мајстори во Комо, Италија, машните се состојат од 100% свила (18 momi), со 100% волнена постава. Дизајнот го сочинуваат четири различни перспективи на Ferrari 410 Superamerica. Печат во дизајнот остава стилот на постерите од мотоспортот што беа обележје на автомобилската сцена пред половина век. Секако дека посебноста ја дава италијанскиот стил во изгледот и изработката на машната.

Почнувајќи во 2016 година, Outlierman присуствува на сите важни автомобилски настани и ги одбележува соодветно со специјално дизајнирани стилски парчиња и додатоци. Такви примери се свилената машна Bentley 8 Litre (за изданието на автомобилсиот собир во Пебл Бич во 2019 година), машната OSCA “the giant killer” (2018), машната со дизајн во чест на италијанската марка Isotta Fraschini (2017) и исто така свилената машна за прославување на францускиот Delahaye (2016).
На следната врска може да се пристапи до страницата за продажба на машната на Outlierman:
375 MM Coupé Speciale Pininfarina Design – Silk Tie – Pebble Beach Concours d'Elegance® 2021
















