Во Renault знаат како изгледа добро кампување

Електричниот кампер Renault Hippie Caviar Hotel располага со изобилство од комфорна опрема, вклучувајќи дури и дрон за достава. Главната цел на оваа студија за луксузно возило за кампување е најава на првиот Renault Trafic со електричен погон, што ќе биде претставен в година.

Во возачката кабина на салонското возило што е лакирана во две бои се вградени природни материјали, како кожа, дрво, лен и волна, со главен нагласок на зелената боја „Almond Flakes“. Наспроти тоа, задниот дел од кабината е изведен во сребрено сива комбинација, во стил на салон. Таму се наоѓа и лежај со големина 1,45 х 1,95 метар.

Французите нудат и можност лежајот да се постави надвор од возилото. Во ѕвезденото небо може да се гледа преку своевидната тераса врз покривот на возилото, до којашто се доспева преку преклопливи скалила. На терасата се наоѓаат ниска салонска масичка и две преклопливи фотелји.

https://photos.app.goo.gl/xjJMThHZtgsaM61U9

Renault планира да нуди посебни услуги за мобилност за својот Hippie Caviar Hotel. По барање на клиентот, на местото што тој ќе го посочи ќе му се достави т.н. логистички модул, кој содржи мокар јазол, санитарен дел и полнач. Доколку местото на коешто се наоѓа клиентот не е покриено со соодветна служба за удоволување на неговите или нејзините желби, тогаш ќе може да се излезе во пресрет на неговите барања преку достава со помош на дрон. Доставата, секако, доаѓа на покривот на возилото.

https://photos.app.goo.gl/QMK9AXneFPDcogyV6

 

Претходна објаваToyota ќе ја брани шампионската титула на Леман во следниот викенд
Следна објаваИлон Маск го обвинува Bosch за недостигот од чипови во Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here