За здравје: Електрични Mini Cooper SE во возниот парк на Biogena

Австриската компанија за здравје Biogena располага со најголемиот возен парк од електрични Mini Cooper SE во Австрија. Компанијата веќе со години применува стратегија на одржливост.

Вработените во „361° Health Company Biogena“, семејна компанија со седиште во Австрија, отсега ќе ги извршуваат своите работни обврски возејќи автомобили што се одлични за животната средина. Станува збор за компанија што развива, произведува и дистрибуира микро-прехранбени препарати од премиум категорија.

Biogena веќе со години применува стратегија на одржливост, којашто опфаќа еколошки производи, акции за зазеленување и ефикасна заштита на животната средина. Од почетокот на годинава, компанијата им нуди можност на вработените да изнајмат службено возило брендирано во боите на Biogena. Првите испорачани возила Mini Cooper SE од вкупно 82 нарачани примероци од електричниот автомобил се токму дел од оваа понуда.

Од пазарниот старт лани, од електричното Mini досега се продадени повеќе од 30.000 примероци. Динамиката на продажба посебно е засилена во првото полугодие од 2021. Електричниот Mini и плагин-хибридниот Mini Countruman во изминатиов период учествувале со 15 проценти во вкупната продажба на британската марка.

>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Претходна објаваБразилски Taigo доаѓа во понудата на Volkswagen во Европа
Следна објаваToyota повторно постави продажен рекорд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here