за

Toyota повторно постави продажен рекорд

Првото полугодие мина посебно успешно за Toyota. Во првото полугодие се продадени повеќе автомобили од кога било досега, а тоа се потврди и најдобриот јуни во историјата на јапонската марка.

Во периодот од јануари до крајот на јуни, корпорацијата Toyota, во којшто спаѓаат и ограноците Daihatsu и Hino, продала 5.467.218 автомобили во светот. Во споредба со истиот период во кризната 2020 година, продажбата годинава е зголемена за 31,3 проценти.

Вистинската динамика на продажба се покажува единствено кога бројките од годинава ќе се споредат со 2019 година, пред кризата. Во тој случај, светската продажба на корпорацијата Toyota пак е во позитива, конкретно е зголемена за 4,5 проценти. Најголем удел во продажбата секако има матичната марка Toyota, со продадени 5.004.625 возила.

Резултатот за првите шест месеци се потврдува со јунската продажба. Јапонскиот концерн во историјата нема продадено повеќе возила во месец јуни, отколку годинава. Станува збор за 921.406 возила, историски рекорд за Toyota.

Уделот на возила со електромотор во погонската спрега, што покрај стандардните хибриди, сега вклучува и приклучни хибриди, но и чисто електрични модели, зголемен е на 26 проценти, од 21 проценти во првото полугодие лани. Според Toyota, овој раст се должи главно на продажбата во Северна Америка, Европа и Кина.

Успех е на Toyota тоа што го задржи нивото на производство и покрај недостигот од чипови во светски рамки. Концернот успеа да остане имун на полупроводничката криза, благодарејќи на масивните залихи од компоненти.

Светската продукција во првото полугодие пораснала за 36,3 проценти, на вкупно 4.517.187 возила. Во јуни исто така се произведени повеќе возила од кога било досега во овој летен месец, конретно станува збор за 831.533 возила. Менаџерите сепак се претпазливи и очекуваат дека проблемите со тесното грло во снабдувањето со полупроводници ќе се зголемат во претстојниот период.

Toyota Corolla Hybrid на лимузинска тура низ Преспа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За здравје: Електрични Mini Cooper SE во возниот парк на Biogena

Милион за половина година: Рекордна испорака на Audi