Пред 30 години: Subaru SVX беше сосем различен спортски автомобил

Subaru во јули 1991 година започна со сериско производство на SVX, со моќен шестцилиндарски боксер и со постојан погон на сите тркала. Идејата на Јапонците со Subaru Vehicle X (SVX) беше да создадат брз, штедлив и комфорен гран-туризмо за четири патници, за долги патувања, како алтернатива на расните спортски модели од Маранело и Сант Агата.

Subaru SVX привлекуваше многу внимание уште на штандот на салонот во Токио во 1989 година, кога беше прикажан како концептен автомобил. Наследникот на Subaru XT, прочуено купе со бескомпромисна клинеста форма, се појави со каросерија што повеќе личеше на вселенско летало и млазен авион, отколку на спортско купе. Покривот имаше форма токму на стаклена купола, како во авион.

Екстраваганцијата на Subaru SVX ја крунисуваа малите прозорци што беа дел од големите прозорци во вратите и само тие се спуштаа. Во внатрешноста исто така имаше детали инспирирани од аеронаутиката. Дизајнот секако не беше погоден случајно. За изгледот на Subaru се погрижи италијанската дизајнерска ѕвезда Џорџето Џуџаро. Во неговиот дизајн потоа интервенираа Тецуа Хајаши и Хироши Сарукава, дизајнери на Subaru.

https://photos.app.goo.gl/aD8C4tgrWhTzqzvv5

Различно од бројни студии, што по нивниот салонски триумф обично исчезнуваат од сцената, Subaru SVX со стаклената купола над луксузната кабина пред 30 години навистина се појави во продажните салони. Изгледот на серискиот модел беше дури и поекстравагантен од студијата. Спортскиот автомобил доби нови проекциски светла, што ги заменија застарените преклопливи светла на салонскиот модел.

https://photos.app.goo.gl/YhVVcSTt3w2oQ6i66

Срцето на SVX беше новоконструиран 3,3-литарски боксер со 230 КС, со тогаш уште сензационална 24-вентилска техника и со четири брегасти вратила во двете глави. Вредноста на вртежниот момент од 309 њутнметри беше врв во сегментот. Истото важи и за крајната брзина од 235 km/h. Моделот што на јапонскиот пазар се продаваше како Alcyone, доби главна улога во раните компјутерски и конзолни игри во тоа време.

Мајсторијата на техничарите се покажуваше во исклучително ниската потрошувачка: Subaru SVX според тогашната норма RREG 80/1268 трошеше само 7,4 литри при 90 km/h

Симетричниот погон на сите тркала, што е својствен за марката, кај Subaru SVX дополнително доби систем VTD, за варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу четирите погонски тркала. Врвна техника претствувуаше и електронски контролираниот автоматски менувач ACT4 со повеќе режими на работа, како и управувањето на сите тркала што беше достапно на некои пазари. Европските марки реализираа слично управување дури 20 години подоцна.

https://photos.app.goo.gl/7WK9Er3p5djonVri7

Идејата на менаџерите беше да се создаде брз и штедлив, но и комфорен и луксузен крстосувач. Како вистински гран-туризмо, SVX стандардно располагаше со автоматски клима уред, со електрично задвижуван сончев покрив и исто така електрично местење на спортските седишта, што како опција се испорачуваа обложени со најфина кожа.

https://photos.app.goo.gl/c7t8arfGQ46VhncFA

Со ниската силуета и со стаклената купола во стил на џет-фајтер, брзиот Subaru SVX до денес важи како дизајнерска икона. До декември 1996 година се произведоа 25.000 примероци. Јапонското купе денес е баран и соодветно ценет јангтајмер. Овој автомобил има уште еден квалитет на Subaru: Обично не се расипува.

https://www.youtube.com/watch?v=6yWFacB_ayo

Претходна објаваTwingo Cup: Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека Гробник
Следна објаваRivian обезбеди 2,5 милијарди $, ќе прави електричен пикап

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here