Twingo Cup: Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека Гробник

Во конкуренција на 32 возачи, седумте македонски натпреварувачи во Twingo CUP имаа фантастичен настап на тркачката патека во Гробник, Хрватска.

За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со тајминг од 02:01.970 минути, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969 минути, додека пак трето време извозе Мартин Костовски со 02:04.588 минути. За прв пат се одржа Twingo CUP, со најголем број на учесници што ја направи трката една од најдобрите досега, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите.

“За влакно” ни побегна подиумот во генералниот пласман од причини што во последниот круг Давид Малинковски од 6-то место успеа да стигне на 3-та позиција на два свијоци пред крајот на трката влегувајќи во заветрина, со што добива повеќе моќ возилото, па многу големи беа шансите да заврши прв на пиедесталот. Но, еден од учесниците од купот излета, се преврте на кров при што беше дигнато црвено знаме на патеката и со тоа трката беше прекината. По правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше пласиран на шестото место.

Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26). За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено Спорт успеаа да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја престават нашата држава.

Со овој триумф на Малинковски веќе го засема првото место во генералниот пласман со 62 бода.

Втората трка е закажана за утре (25.07.2021 – Недела) во 13:55 часот. Истата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк:

Претходна објаваDHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија
Следна објаваПред 30 години: Subaru SVX беше сосем различен спортски автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here