Свеж капитал во американската стартап компанија за електрични автомобили Rivian. Во приватна финансиерска рунда, според објавите на компанијата се собрани 2,5 милијарди американски долари, што одговара на 2,1 милијарди евра. Меѓу финансиерите се наоѓаат големи имиња: Amazon, Ford, бројни инстиуции.
Од Rivian ги потврдија и објавите во американските медиуми, според коишто компанијата бара локација за втора фабрика во САД. Моментно не постои локација на којашто ѝ се дава предимство. Исто така нема ниту официјална потврда, дали во новата фабрика можеби ќе се произведуваат батериски ќелии.
Во фабриката на Rivian во Нормал, во американската сојузна држава Илиноис, во којашто претходно се произведуваа возила на Mitsubishi, во септември се очекува да стартува производството на првиот модел. Стартап-компанијата повеќе пати го одложуваше стартот. Електричниот пикап R1T ќе биде конкурент, меѓу другото, на Tesla Cybertruck.
Секако дека производителите се надеваат на огромен успех на своите модели на американскиот пазар, кој традиционално е пикап-пазар. Во Нормал ќе се произведува и СУВ-моделот R1S, како и електричното доставно возило за онлајн-трговецот Amazon.
















