Од мотоциклите на BMW отсега ќе се слуша Marshall

Возењето мотоцикл и слушањето музика е двојно задоволство. Според стратезите на BMW Motorrad, мото-марката на баварскиот концерн, не е случајност тоа што музичарите во своите песни со генерации наназад ја опејуваат пасијата на возење мотоцикл. Во стилот на „Born to be wild“.

За битовите и басовите да претставуваат уживање во текот на возењето, BMW Motorrad отсекогаш вложувал многу во развојот на своите аудио системи. Слушањето музика при возење мотоцикл во иднина ќе стане уште поинтензивно доживување. Тоа го ветува новата соработка со светски прочуената британска марка Marshall Amplification.

Marshall веќе 60 години е синоним за легендарните гитарски засилувачи, што ги користат најдобрите музичари во светот. Од 2012 година, компанијата со седиште во Блечли произведува слушалки и активни звучници со највисок квалитет.

Легендарниот Marshall Spirit и иновацискиот дух на BMW Motorrad ќе се соединат во нова генерација производи коишто ќе бидат наменети точно за класичните модели мотоцикли на BMW. Првите производи од оваа соработка ќе бидат претставени веќе на 29-ти јули.

Претходна објаваЈапонски затвор за Американците што помогнаа за бегството на екс-шефот на Renault-Nissan
Следна објаваНовиот Audi RS 3 го задржа петцилиндарецот со 400 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here