Окружниот суд во Токио им одреди затворска казна на двајцата Американци што го организираа бегството на Карлос Гон, поранешен шеф на Renault-Nissan. Поранешниот маринец Мајкл Тејлор, на возраст од 60 години, доби затворска казна во времетраење до две години. Неговиот син Питер (28) мора да мине една година и осум месеци зад решетки.
Двајцата Американци ја признаа вината и се извинија. Нивната одбрана бараше условна казна. Таткото и синот Тејлор беа обвинети за сокривањето на Гон во кутија за контрабас, што не подлежи на темелен царински преглед. Некогаш моќниот, но заслужен шеф на алијансата Renault-Nissan и неоспорно спасител на Nissan, потоа ја напушти Јапонија со приватен авион. Соучесниците во бегството го сториле делото иако биле свесни дека со тоа го прекршуваат домашниот притвор на Карлос Гон.
Поранешниот прв човек на француско-јапонската алијанса Renault-Nissan-Mitsubishi, беше притворен и обвинет на 19-ти ноември 2018 година во Токио, заради прекршување на берзанскиот промет. Во април 2019 година, за менаџерот беше платена висока кауција за да излезе од истражителниот притвор.
Со американските помошници, Гон во декември истата година отпатува со авион во Либан. Освен француски и либански пасош, топ-менаџерот има и бразилско државјанство. Јапонија нема потпишано спогодба за размена на осуденици со Либан.
















