Холдингот Woven Planet, дел од корпорацијата Toyota, надлежен за нови зделки за градот на иднината што се создава под планината Фуџи, презеде сопственост над Carmera, американска компанија за вештачка интелигенција што е специјализирана за автоматизирано возење.
По априлското преземање на Level 5, една од водечките компании во подрачјето на автоматизираното возење, Toyota стана сопственик на уште една компанија од важното подрачје за идната мобилност. Carmera е компанија за вештачка интелигенција со седиште во САД, што во рамките на градот на иднината, на Wovencity, ќе биде задолжена за т.н. платформа за автоматско мапирање (AMP). Новата стратешки важна компанија за „Плетенград“ ќе работи и на Arene, отворената софтверска платформа на градот.
AMP е конектирана софтверска платформа базирана на толпа, преку којашто се овозможува создавање, развој и дистрибуција на мапи со висока дефиниција, како клучен фактор за интелигентно и автоматизирано возење. Оваа платформа треба да прерасне во најкомплетна патна мапа во светски рамки, што ќе обезбеди најпрецизно лоцирање на автоматизираните возила.
Carmera има големо искуство во обновувањето на мапи со висока дефиниција со помош на податоци што се добиваат преку камера по принцип на толпа. Тоа е многу поевтино и побрзо решение од традиционалните пристапи. Секоја промена во хоризонталната сигнализација, односно во обележувањето на патот, како и во знаците, семафорите и друго, во иднина ќе ја регистрираат системите на AMP.















