Баварците сакаат Audi и BMW, во Штутгарт се вози Mercedes, во Волфсбург VW

Баварките и Баварците негуваат посебна поврзаност со својата татковина. Тоа се покажува и во нивниот избор на автомобил. По патиштата низ баварската сојузна покраина има исклучителна застапеност на возилата од баварските производители BMW и Audi.

Германска осигурителна компанија точно открива колку е повисок уделот на „домашните“ марки во сојузните покраини во коишто се произведуваат возилата од тие марки, односно во коишто се наоѓа нивното седиште. Во интерната статистика на компанијата, возилата на BMW во Баварија имаат за 42% повисок удел во вкупниот број осигурени возила од германскиот просек. Исто и кај Audi е повисоко учеството на „домашната“ марка, со 25% повисок удел во Баварија отколку на целата територија на Германија.

Сосем е резбирливо тоа што германските автомобилски марки се многу повеќе застапени во сојузните германски покраини во коишто производителите имаат седиште или голема фабрика. Меѓу причините што водат до тоа е фактот што вработените во компаниите имаат одредени повластици при купување автомобил од марката или марките што ги произведува истата. Секако дека влијае и „локалниот патриотизам“. Жителите се гордеат на автомобилските марки што се произведуваат во нивните сојузни покраини и преку возилото сакаат да се идентифицираат како жители на истата.

Во продолжение точните удели на „домашните“ марки во одделните германски сојузни покраини:

Застапеност на Audi во

1 Баварија +25% од германскиот просек

2 Баден-Виртемберг +6%

3 Хесен +3%

14 Бранденбург -16%

15 Бремен -18%

16 Берлин -23%

Застапеност на BMW во

1 Баварија +42% од германскиот просек

2 Сар +15%

3 Хесен +12%

14 Саксонија -33%

15 Саксонија-Анхалт -39%

16 Мекленбург-Долна Померанија -41%

Застапеност на Mercedes-Benz во

1 Хамбург +30% од германскиот просек

2 Баден-Виртемберг +22%

3 Бремен +22%

14 Саксонија-Анхалт -28%

15 Тиринген -33%

16 Саксонија -33%

Застапеност на Opel во

1 Рајнланд-Пфалц +19% од германскиот просек

2 Хесен +15%

3 Шлесвиг – Холштајн +9%

14 Баден-Виртемберг -9%

15 Сар -19%

6 Хамбург -20%

Застапеност на Volkswagen во

1 Долна Саксонија +31% од германскиот просек

2 Шлезвиг-Холштајн +14%

3 Бремен +12%

14 Баварија -7%

15 Рајнланд-Пфалц -14%

16 Сар -28%

https://photos.app.goo.gl/t3VPnuEcs9eqi98M6

Претходна објаваAudi со три концептни автомобили најавува револуција во дизајнот
Следна објаваToyota купува компании за градот на иднината под Фуџи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here