Значаен поттик за зголемувањето на продажбата доаѓа од Кина, САД и Европа, сите со двоцифрен раст во споредба со лани, кога светот се соочуваше со најсилниот бран на пандемијата. Само во минатиот месец, Volvo продал 68.224 автомобили во светот, што е раст од 11% во споредба со ланскиот јуни.
Во првите шест месеци од 2021 година, бројот на возила што Volvo ги продал онлајн е зголемен петкратно во споредба со лани. Растот е резултат од зголемената побарувачка на пазарот, во комбинација со проширувањето на понудата на одредени пазари.
Голем интерес постои и за моделите од семејството Recharge, коешто ги опфаќа моделите со приклучен хибриден или чисто електричен погон. Нивниот удел во вкупната продажба на Volvo изнесува 24,6 проценти за периодот. Во споредба со првите шест месеци лани, уделот на Recharge пораснал за близу 150 проценти.
Во САД во првото полугодие се продадени 63.754 автомобили (+47,4%), со најголем удел во продажбата на СУВ-моделите XC60, XC90 и XC40. Од јануари до јуни, во Кина е постигната продажба на 95.252 возила (+44,9%). Во истиот период, европската продажба напредувала за 35,4 проценти, со вкупно 166.822 автомобили. Од поголемите пазари, со растот најмногу се издвоила Велика Британија.
Најпродаван модел во периодот е XC40 со вкупно продадени 118.121 примероци (2020: 68.359), пред XC60 со вкупно 113.500 примероци (2020: 78.761) и Volvo XC90 со продадени 54.177 примероци, наспроти 37.918 возиола во првото полугодие лани.
















